• Latest
проф. д-р Катерина Колозова

Со што треба да се занимаваме за да добиеме пристојна академска клима?

January 26, 2021

Жерновски: Ни ја исклучија струјата сред митинг во Иловица, но не и вербата!

October 12, 2025

„Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

October 12, 2025

Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

October 12, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Со што треба да се занимаваме за да добиеме пристојна академска клима?

January 26, 2021 13:36
in АНАЛИЗИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
проф. д-р Катерина Колозова

проф. д-р Катерина Колозова

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: КАТЕРИНА КОЛОЗОВА

Законот за Високо образование од 2018 беше некаков компромис меѓу желбите на академската заедница, меѓу кои и Професорскиот пленум (ПП) и Студентскиот пленум, и инерцијата на администрацијата со која се најде опкружена тогашната министерка. Со оглед на тоа дека оној, пак, закон усвоен на крај на 2014 практично значеше делегирање на целиот суверенитет на високото образование во рацете на централана власт (МОН), имплицираше губење работа на куп професори кои, во тој миг, беше невозможно да ги исполнат поставените услови, а и ставање во правна неизвесност на секоја добиена диплома на секој студент, мобилизацијата беше масовна и ја потресе земјата. Законот од 2018 прави компромиси со принципиелно недопустливото, но ја прави состојбата наследена со Законот од 2014/2015 полесно поднослива, беше доволен да замолчиме (некогашниот ПП) и да си легнеме на брашното. И во овој закон, сè уште се фаворизираат фирми – бази-компании со имиња наведени во законот – ама сега повеќе од една (а сите на истото ниво на безобразен капиталистички елитизам кој чини пари), се игнорираат препораките за отворен пристап на ЕУ и, со тоа, да се поттикне учество во базите специјализирани за отворен пристап. И не зборувам за какви било бази туку оние чиј кредибилитет е лесно проверлив како, на пример, DOAJ (која обезбедува пристап преку EBSCO).

Е, ваквите прашања, некогаш поставувани од ПП, веќе не се прашања. Барем не се прашања на принцип: сите се снајдоа како да влезат со труд или два во некоја од базите – добар дел ниско рангирани балкански и источноевропски журнали сместени во тие бази – и така формата беше задоволена, работните места дури и на тие од УКИМ, кои во време на протестите беа најслаби со застапеност по базите, сега се обезбедени. Згора на сè, Шангајската листа на рангирање – која е, исто така, комерцијален производ – наведена во Закон им овозможува само на УКИМ да нудат докторски студии оти, според листа на таа компанија, произведена пред многу години, на национално ниво највисоко биле рангирани. Им овозможува и на други, но само во теорија, не и во пракса. Со ова МОН дозволува или не кој има основно право да се бави со определено ниво на дејноста врз база на „универзално релевантен“ параметар.

Според извештајот на Европската комисија од 2018, Македонија, заедно со Албанија и Турција и уште четири пост-советски републики беше единствената кај која академската автономија во признавањето на дипломите и квалификациите е одземена и предадена во рацете на извршната власт, министерството. Истата година, Париското коминике од 2018 препорачува што поголема автономија во признавањето, посветеност на студентот чиј напредок е централна вредност и што поголемо воздржување на министерствата од мешањето во автономијата, вклучително и во делот на признавањето. Зошто ништо од ова не ви е важно, зошто на никого не му е важно? Joint degrees кои ни овозможуваат да бидеме активен дел, на системско ниво, како институции и држави, од некоја причина, пак, не се воспоставуваат директно меѓу институциите членки на EHEA (European Higher Education Area. До вчера МОН даваше дозволи за нив, и тоа однапред – а, зошто?; никаде не постои пракса на допуштање од страна на извршната власт да се практикува оваа толку основна можност за EHEA земјите. Чиновниците во МОН и таа недовоспоставена Агенција за квалитет објаснуваат дека тоа било можно само за ЕУ членките – неточно (и знаат дека е неточно), EHEA членството носи исти права и обврски во исполнувањето на Болоњскиот процес (членството во EHEA) за сите земји што учествуваат, независно од нивниот ЕУ или не-ЕУ статус. Грузија е на ниво на најразвиените ЕУ членки во смисла на спроведувањето на Болоња. Не е ЕУ членка. Накусо, извршната власт не ја тргнала својата чизма од автономијата на високото образование ни по 2017, само го намалила притисокот. Зошто УКИМ-овци ова не ги интересира, особено овие од општествените и хуманистичките науки (кои запнале со основно да се занимаваат)? Па затоа што сега си имаат работичка, заштитени се и раат се. А имаат и по некое трудче со кое се прилагодиле на новиот закон.

Други прашања што останаа загатнати а неодговорени со „новите“ законски решенија (од 2018) се повторно прашање на автономијата и нејзината загрозеност – монографиите, дури и кај најпрестижните издавачи на планетава, се вреднуваат колку една статија во „меѓународно списание“ од Врање. Значи, хуманистичките науки и дел од општествените и понатаму се третирани како и од Законот на Груевски – а зошто? Затоа што службениците во МОН решиле дека таа една база (сега неколку) им се најсигурно мерило, без да мислат. Клучот е во ова – без да мислат. Остана тоа така…, оти законот најде начин како да прикрпи решение со троа вратена назад, колку да не е без ич, автономија. И сега никој не се буни. Арен им е законот.

Стигна и извештајот за примената на Болоња објавен во 2020 година. Тој веќе не покажува податоци за Македонија – НИКАКВИ. На сите мапи и графици со податоци на степенот на имплементација на Болоњскиот процес или поточно спроведување на ESG (European Standards and Guidelines),  првенствено во делот на обезбедување квалитет и автоматско признавање на дипломите и кредитите (тоа е посебниот приоритет според најновиот извештај), Македонија е единствената точка на мапата обележана бело – no data available. Степенот на несоработување со EHEA во времето на Арбер Адеми сега, во овој извештај на EHEA, е забележано, а неговата ера ќе остане запаметена по легендарната пасивност и кочење на работата на сите универзитети кои не се УКИМ и Тетовски.

Што е во судир со нашите премиси на добро управување во високото образование и принципите на EHEA и секоја земја која не е паланка по својата филозофија? Првин, МОН не може и не смее да биде чуварот на стандардите, квалитетот и академскиот интегритет, затоа што дури и неговите чиновници да блескаат од доблест, некорумпираност и упатеност во EHEA политиките, тој не може да ја врши работата на контрола на квалитет и да признава или не академски квалификации – од проста причина, тоа е газење на автономијата во нејзината суштина.

Премиерот Заев ова го правдаше пред некој месец со „спречивме еден куп нови факултети да никнат, за да спречиме неквалитет.“ Каква е оваа логика? Полето на академски натпревар треба да е отворено за сите кои ќе ги исполнат формалните критериуми, а формалните треба вистински да се формални а не да вклучуваат вреднување односно рангирања (не може место на Шангајска листа да биде услов за исполнување на правото на организирање докторски студии). Како во сите области, така и во оваа, треба да обезбедите квалитет, а не да превенирате неквалитет по пат на промовирање мртвило и ускратување права и можности. Еве идеи за промовирање квалитет (од EHEA, не само од мене): поттикнување на масовно учество на катедрите во joint degrees со други европски катедри со кои автоматски се крева квалитетот на контекстот, а растот на квалитетот на трудовите, како на професорите така и на студентите, е нужна последица. Друга идеја: функционална и европска Национална агенција за квалитет, но интегрирана со Одборот за акредитација (како во Грција, на пример), во чиј состав ќе работат меѓународни панели кои ќе вршат peer review, евалуации, рангирања и ќе даваат препораки. (Значи, ќе вреднува со стручно мислење, а не ко чиновниците што сакаа – без мислење, „автоматски“ ѓоа а, всушност, празно формално).

Никаде во светот не се „превенира неквалитет“ туку се оценува и рангира – тој постои, но постојат национални тела кои знаат да вреднуваат, рангираат а, со тоа, неквалитетот да биде покажан и докажан. Па така имате т.н. mills чии дипломи ниско се вреднуваат (и повеќето работодавци или универзитети не ги ни признаваат), и задоволително, пристојно и високорангирани институции, од таквите национални тела. И едните и другите си постојат. Никој не е забранет (освен ако прекршиле Кривичен законик или што му е аналогно). Првите, „фабриките за дипломи“ (mills) не се затворени и никој не оди во затвор – само се познати по својот низок квалитет. Другите се соодветно рангирани. Тоа е доволно.

Наместо полициска логика, казни и закони кои имплицираат дека академските институции и тела се корумпирани и некомпетентни а министерството со неговите службеници не е (според кои параметри и мерила?), филозофија инаугурирана со сите реформи на Груевски и никогаш вистински сменета од Дескоска и Адеми, отворете ја арената слободно за сите институции. Дозволете преку joint degrees навистина секторски да се интегрираме со EHEA, формирајте брзо Агенција за квалитет интегрирана со одбор за акредитација и со меѓународни панели за оценка, дајте ни ја автономијата сами да вреднуваме дипломи (а ако се сомневаме дека се фалсификат, си има органи за тоа) како што е во без малку сите земји на EHEA (не ЕУ). Академската заедница сега треба да биде мобилизирана околу ова доколку сака вистински европско ниво на својата работа, а не меѓусебно да се јаде со взаемни споредувања индекси, портфолија при што две професорки по македонски со 0 цитати на нивниот омилен google search ќе се кријат зад професор со над 10.000, но чија област нема врска со образовните студии и развој на политики.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Семејни пат’ридии

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ