• Latest

Со субвенции за инвертер клими, Владата ќе го спроведува Планот за чист воздух во најзагадените подрачја во земјата

September 11, 2019

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
Град што се обновува и живее (илустрација генерирана со вештачка интелигенција, ChatGPT/OpenAI)

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

Изборите во БиХ ја потврдија поларизацијата: Додик останува фактор на нестабилност, европскиот пат неизвесен

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ ТЕМИ

Со субвенции за инвертер клими, Владата ќе го спроведува Планот за чист воздух во најзагадените подрачја во земјата

Домаќинствата во Скопје, Тетово, Битола и Кичево, како општини каде аеро загадувањето е енормно, ќе добијат субвенции до 100% за замена на печките со високоефикасни инвертери.

September 11, 2019 18:21
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ ТЕМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во општините во Градот Скопје, во Тетово, Битола и во Кичево, Владата согласно Планот за чист воздух ќе започне со доделување на средства за целосна замена на печките на дрва со високо ефикасни инвертер клими, соопшти денеска на прес-конференција Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, објави МИА.

Тој информираше дека граѓаните во зоните каде загадувањето е енормно, ќе користат согласно Закон, можност 100 отсто да добијат поддршка од Владата за замена на печките на огревно дрво со високо ефикасни инвертер клими.

Макрадули потенцираше дека греењето со инвертер клими е еден од најеколошките начини на греење и согласно сегашните цени и далеку најекономичен.

-Би сакал да напоменам, вкупно годишните трошоци за греење, да речеме на површина од 60 метри квадратни, со инвертер клима чини 11.734 денари, доколку користите дрва тоа би чинело 18.586, или ако користите нафта за домаќинство дури 43.038 денари, рече заменик министерот.

Освен тоа, Макрадули рече дека, покрај загревањето во зимскиот период, инвертер климите во летните месеци како дополнителна вредност, ќе ги ладат просториите каде што се инсталирани.

На прашање како ќе се имплементира мерката, Макрадули одговори дека приоритет ќе имаат зони со највисоки емисии на воздухот и ранливите потрошувачи.

-Во овој момент, најцелисходна варијанта на имплементација е да се донесе законско решение во вид на ваучери во кој што граѓанинот би ја добил сумата за да може на нивен избор, во зоната каде што е општината, согласно мерките и мерењата, каде е највисоката емисија, таму да се интервенира и со замена, рече Макрадули.

Што се однесува на висината на цената, тој рече дека одлуката за висината на средствата ќе ја донесат институциите во рамки на компанијата ЕЛЕМ, а тоа според него ќе биде релативно брзо.

Прашан како ќе се врши контрола и дали ќе следи санкција доколку граѓаните не ги почитуваат правила и продолжат да се греат со огревно дрво, Макрадули потенцираше дека ќе има казнени мерки и контроли.

-Ќе има казнени мерки и контроли. За тоа, општините ќе бидат носители на мониторингот. Граѓанинот ќе склучи договор со кој се обврзува дека нема да ја користи печката за огревно дрво. Доколку се установи дека користи огревно дрво, ќе следат санкции. Се разбира, граѓаните ќе бидат заинтересирани да ја извршат замената бидејќи ќе им биде поевтино и нема да ги загадуваат нивните блиски во семејството, истакна Макрадули.

 

Share9TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ