• Latest
Војо Маневски

Собирањето на народот – народно собрание ли е?

March 30, 2025

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
Ива Михаилова (фото извор: МРТ)

Случајот „Ива Михаилова“: Меѓу правото на лекување, бегството од правдата и политичкото профитерство

October 13, 2026

ВОЈНАТА СÈ ПОБЛИСКУ – Црното Море, бојно поле пред портите на НАТО: Дронови потопуваат бродови, Бугарија бара одговори од Москва и помош од НАТО и ЕУ

October 13, 2026

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Собирањето на народот – народно собрание ли е?

March 30, 2025 10:55
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Некакво време-невреме ја притиснало мојава земја, мојот народ и мојата држава. Дождот безмилосно врне како да решил да не потопи. Низ валканите излози се слева вода и како да ги измива па човек поминувајќи може и да се огледа. Може да се види, ама подобро да не се погледнува затоа што она што ќе го забележи и не е за пофалба. Навидум сѐ си е на своето место, само еден мал детал недостасува. Нема насмевка па лицето, личи на збир на делови од главата кои немаат сврзивно духовно ткиво.

Астрономите најавуваат некакво замрачување следувало деновиве, овој викенд ќе го смениме сметањето на времето иако одамна ги изгубивме сметките со Европа, па ни остана само да ги броиме часовите според нивен терк. Парламентарците си зеле две недели одмор за да не ја подигаат негативната енергија во јавноста. Само, има ли таква позитивна појава кај нив? Можеби за позитивност ги сметаат егзалтираните пресови на несимпатични типови со изразит провинцијалски дух и сурат. Можеме само да погодуваме, бидејќи поврзаноста меѓу граѓаните и политичкиот и административен естаблишмент е веќе тенка и сѐ помалку се разбираме.

Изгледа не се разбираме ни со младите. Ова што им го ставаме како рамка на живеење е тесна за нив. Нашиот транзициски менталитет не само што не уништи нас несреќните генерации, туку се обидува да ги уништи и нашите потомци. На економски план потрошивме сѐ што ни оставија предците па безмилосно ја трошиме иднината на потомците. За сите свои заблуди сметката сакаме да им ја испорачаме ним. Ги задолжуваме како да се работи за наша иднина а не нивна. Им ја трошиме иднината а сакаме да молчат и да си гледаат во телефоните. А таму во тој свет на неограничени информации и контакти се гледаат сите наши слабости. Целата наша духовна корумпираност и светото тројство во кое се навикнавме да живееме. Едно мислиме, друго кажуваме а трето правиме. Ним светот им е на дланка а ние сакаме со говори на митинзи и пресови на безидејни политичари да им им ги одредуваме хоризонтите.

Да, да, ќе се измори и оваа олуја, ќе се исцедат облаците, некој ќе се најде да ги избрише замастените огледала. Не ѐ прашањето дали ќе се случи тоа, туку кога ќе се случи.

Пред Собранието ќе се собираат младите на народно собрание. Според најавите ќе се поставувале прашања, ќе се барале одговори и она што е најважно – ќе почне да се разговара за состојбите во државата. Она што е охрабрувачко е отсутноста на личниот печат на движењето или како и да се нарекуваат организаторите. Од месии и лидери на овој народ му е не преку глава туку и преку перчин. Секако ќе испливаат најелоквентните, но тоа не смее да биде главна одлика на организаторите. Политичките партии се плашат од непознатите лица, од лица кои не се во нивните евиденции. Прво се одвојува една или неколку личности па се бара можност за нивна дискредитација со што на крајот се дискредитира и новата политичка појава. Таа методологија е позната одaмна. Политичка а не партиска е опасноста за начинот на кој досега се практикуваше водењето на општествените процеси. Изгледа и затоа сме таму каде што сме , заглавени во тунелот на транзицијата.

Ќе се отворат низа прашања се надеваме сите. Ќе се појават и конкретни предлози за законски измени на системот. Ќе стојат ли настрана четири илјади универзитетски професори или ќе дадат свој придонес во дебатата? Можеби е подобро добар дел од нив и да не се вклучуваат зошто ако до сега молчеа, што ли е тоа што паметно имаат да кажат сега?

Ако системот сам се ревитализира и ако станува резистентен на лековите кои му ги препишувавме до сега, изгледа дека дојде време за потполна нова терапија ако не и потполно нов систем. Нов закон за политичко здружување и политички партии за почеток како локална анестезија, да се трпи болката додека заздравува организмот. Па нов изборен закон каде изборот ќе биде кај граѓаните а не кај лидерите и нивните листи. Па нов закон за потеклото на имотот. Белки ќе дојдат доволно доблесни личности кои институциите ќе ги оспособат да ги применуваат и сите други закони. Работата е сериозна и она што навистина недостасува е време за бесконечни дебати. Не сме во позиција да се шегуваме како ни е потребна нова држава зошто оваа ја потрошивме. Во турболентната состојба во која е светот околу нас имаме добри шанси да го загубиме и ова што досега не успеавме да го упропастиме.


Текстот е личен став на авторот
Tags: државамлади генерациинародполитички партии
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ