Украинските единици за противвоздушна одбрана соборија 10 руски ракети над градот Кијив. Нема информации за евентуални цивилни жртви, соопшти градоначалникот на Кијив Виталиј Кличко на Телеграм, пренесе Укринформ.
„Според податоците од силите за противвоздушна одбрана, над Кијив биле соборени десет проектили. Нема информации за жртви“, напиша Кличко.
Според Кличко, некои електрични мрежи биле оштетени. Екипите за поправка веќе работат на обновување на услугите за снабдување со електрична енергија.
На 10 февруари 2023 година, Русија изврши уште еден масовен напад на територијата на Украина, користејќи ракети и беспилотни летала.
Д. Т.