• Latest

Собрание на 21 век

October 16, 2020

Иран не се согласил на инспекции, ниту се откажал од збогатувањето ураниум, вели Трамп

July 5, 2025
Мурал Ратко Младиќ во Белград, Фотографија/ скриншот од видео на Ал Џазира

Србија и Сребреница: Од гласна тишина до бучна релативизација

July 5, 2025
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
23 dead and more tha 25 children missing in Texas flood
Photo> screenshot Sky Tv

Поплави во Тексас: 24 мртви и до 25 деца исчезнати откако летен камп беше однесен од поплавите

July 5, 2025

One Stop систем за побрз проток и помалку чекање на граѓаните на ГП Табановце-Прешево

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Собрание на 21 век

October 16, 2020 11:31
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА

Во Уставот, Деловникот на Собранието и во Законот за Собрание нема ниту една одредба со која се предвидува седниците на Собранието да се држат во зградата на Собранието и нема забрана тие да се држат на одредена интернет платформа.

Нема потреба од никакви промени во ниту еден од овие акти со цел овозможување на онлајн седници на Собранието. Тие ја даваат правната основа за одвивање на работата на Собранието во било која форма која овозможува пратениците да ги изнесат своите мислења, недвосмислено да го искажат својот став и да донесат релевантни одлуки.

Се’ друго е прашање на техничка поддршка и соодветна логистика со која ќе се обезбеди соодветно остварување на надлежностите на Собранието на начин предвиден во Уставот, Деловникот и Законот.

Во спомнатите акти има дури и одредби кои можат да бидат искористени за олеснување на изведувањето ваков вид седници.

На пример во Законот за Собранието, во членот 11 се вели дека: “Органите на локалната самоуправа им обезбедуваат еднаква помош на пратениците во извршувањето на нивната функција. Органите од ставот (1) на овој член му обезбедуваат на пратеникот работна просторија и услови за контакт со граѓаните од неговата изборна единица.“

Оваа просторија по потреба може пратеникот да ја користи и како просторија од која ќе присуствува на седниците доколку нема услови на друг начин да го оствари тоа.

Предностите од одржувањето на онлајн седници се многубројни (било да станува збор за суштински елементи од остварувањето на пратеничката функција, се’ до некои банални  кои ќе го подигнат угледот на пратениците).

Овде ќе набојам само дел од предностите кои јас ги гледам во одржувањето на онлајн седници на Собранието:

– на овој начин ќе се овозможи фактичко остварување на уставната одредба  (член 66 од Уставот) според која Собранието е во постојано заседание.

– поголемо присуство на пратениците (и тогаш кога пратениците се надвор од државата, кога имаат пречки да дојдат во Собранието, кога треба да присуствуваат на настани надвор од седиштето на Собранието, тие ќе можат да бидат присутни на целата или дел од седницата, да дискутираат и да гласаат).

– Пратениците ќе добијат многу поголема можност да бидат поблиску до граѓаните и да комуницираат со нив (односно да ги остваруваат дополнителните функции предвидени со член 8 од Законот за собрание: контакти со граѓани, контакти и консултации со невладини организации, контакти, соработка и консултации со Синдикатот и со здруженија на граѓани, соработка со меѓународни организации).

– ќе може многу почесто да се практикуваат одредбите од членовите 72 и 73 од Деловникот на Собранието (На седницата на Собранието можат да присуствуваат и во работата да учествуваат претседателот на Републиката, претседателот на Владата, министрите и овластениот претставник на предлагачот на закон поднесен од најмалку 10.000 избирачи. На седницата на Собранието да присуствуваат и во работата да учествуваат претставници и на други органи и организации кога се разгледуваат прашања од нивна надлежност. На седницата на Собранието да присуствуваат како гости и да одржат говор високи парламентарни и државни претставници на други држави и на меѓународни организации и други видни странски личности).

Според мене на ваков начин ќе се намалат и дел од негативните однесувања кои во моментов ги практикуваат пратениците:

– ќе се намалат можностите за играње со кворумот.

– пратениците нема да можат да ја узурпираат говорницата.

– ќе се добие поцивилизирана комуникација во која пратеникот не е изложен на дофрлања, навреди, омаловажување и прекинување од страна на други пратеници.

– ќе се намалат можностите за манипулација со патните и дневни трошоци

– ќе се намали евтиното јадење и пиење.

Онлајн работата на законодавните тела не е веќе исклучок во светот.

Хибриден систем на пример употребуваат: Руската дума,  Федералниот парламент на Австралија , Британскиот парламент, Европскиот парламент.

Латвиа, Белгија, Романија, Сауди Арабија, Бразил, Еквадор, Венецуела,Хондурас, Куба, Виетнам,  применуваат принципи на онлајн комуникација и работа.

Иновативноста во изнаоѓањето на нови решенија и модуси на работа тукушто започнува.

Се разбира, секогаш е најдобар флексибилен пристап. Имено може да се прифатат и хибридни решенија, времени решенија или прилагодувања кои ќе овозможат најефикасна работа на Собранието и потполно остварување на работните задачи на пратениците со најмала можна закана по нивното здравје и безбедност. Може да се определи процентуално присуство на пратеници или дури да почнеме да размислуваме за намалување на бројот на пратениците.

Според Интерпарламентарната Унија:

“Што и да се случи, пандемијата КОВИД19, поттикна иновации во работата на парламентите и развој на нови методи на работа кои може да имаат значајно влијане на тоа како ќе изгледаат парламентите во иднина.“

Во текстот немав намера да спорам или да вадам аргументи со кои би ги побивала низата бесмислици од типот, дали во работата на Собранието ќе учествува човек кој се наоѓа на респиратор, или, за одземеното право на договарање на пратениците кое може да се оствари само во ходниците на собраниската зграда, и слично. Сепак сум јас сериозен професор и не ми личи да ставам на хартија секакви глупости.

 

 

 

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share36Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ