• Latest

Собранието донесе одлука за прогласување кризна состојба на дел од територијата на државата

April 21, 2021
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Проф. Андонов поднесе Претставка за противзаконскиот избор на Петар Богојевски за “насловен доцент” на Воената академија

July 4, 2025
Фото: Јован Андоновски/Фејсбук

Андоновски: Данок за неженети? Не за авторитарни реликти во демократско општество!

July 4, 2025
Мерц и Трамп. Фото: илустрација, генерирано со ВИ

Мерц разговарал со Трамп за купување „Патриот“ системи за Украина

July 4, 2025

Маск ја реафирмира идејата за трета политичка опција по спорот со Трамп за буџетскиот закон

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

July 4, 2025

24 ЧАСА: Мицкоски со данок за ергени ќе ја реши демографската криза; Завршени вештачењата за Пулс и Онкологија; Судирите во Србија не стивнуваат

July 4, 2025

ЛАРИСА ДИР: И иднината на Украина и иднината на Северна Македонија е во Европската унија, две држави кои припаѓаат на европското семејство

July 4, 2025
фото: ВИ

Доста време ерген одев!

July 4, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија, Мухсин Арифи и неговиот човек од доверба за примање мито од 20.000 евра за болничко згрижување на лице

July 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Собранието донесе одлука за прогласување кризна состојба на дел од територијата на државата

April 21, 2021 15:55
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието попладнево донесе неколку предлог-одлуки и еден дополнет предлог закон, кој се однесува на четвртиот пакет економски мерки, во рамки на 39-тата седница.

На почеток, со 92 гласови „за“, ниту еден воздржан или против, беше донесена Одлуката за прогласување кризна состојба на дел од територијата, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти и заради заштита на јавното здравје во услови на пандемија.

По неа, следеше донесување на две одлуки за испраќање на припадници на Армијата за учество во меѓународната операција на Организацијата на Обединетите нации УНИФИЛ во Либан.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски, во својот говор истакна дека треба да се внимава какви лица се испраќаат во овие мисии оти тие ја претставуваат нашата држава. Тој го посочи случајот со испраќањето на медицински тим во Кабул обучуван во Норвешка, чии припадници, како што рече, од норвешките стручни лица биле оценети дека не може да ја извршуваат работата самостојно.

„Главниот хирург на тимот, од стручниот тим на Норвешка, беше оценет дека не знае да изврши основи хируршки интервенции. За другите медицински лица, беше кажано дека добро ја вршат работата. Но, забелешката беше за хирургот кој го предводи медицинскиот тим. Треба да внимаваме кого испраќаме во овие мисии“, изјави Стојановски.

Во продолжението на седницата беше донесен и дополнет предлог на закон за дополнување на Законот за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, корисници на пензија, на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни. Законот е дел од четвртиот пакет економски мерки.

Собранието ја донесе и Одлуката за именување на претседател, потпретседател, членови и заменици членови на Националниот совет за евроинтеграции, како и предлогот за избор на членови на Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност.

При утврдувањето на дневниот ред на седницата, координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, во процедурална забелешка, рече дека претседателот на Собранието Талат Џафери треба да ги оддели законите, кои се дел од пакетите за антикризни мерки од другите закони. На ова, Џафери му одговори дека тој својата работа ја врши согласно Деловникот и оти нема да дозволи никој да му диктира дневен ред на седниците.

На дневниот ред на 39 седница, се најде и Предлог на закон за дополнување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка.

Министерот за здравство Венко Филипче образложи дека со овој закон се ограничува сумата која пациентите ја плаќаат во приватните болници. Ограничувањата, како што објасни, се на ниво на цените на пакетите што Фондот за здравствено осигурување ги плаќа кон здравствените установи, а тоа е од 40 до 300 000 денари.

„Се забранува преминување на кадар од јавно во приватно здравство за време на прогласена пандемија и се надминува оној проблем кој произлезе од Законот за управување со кризи, кој укажуваше дека ресурсите на приватните установи во ситуација на криза, кога државата ги користи, за тоа наплаќа соодветен процент. Со законот, ресурсите се користат целосно бесплатно“, појасни Филипче.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ