Половина час пред истекот на рокот, Собранието ги изгласа новите заменици министри. За нив гласаа 62 пратеници, а против 44.
Воздржани немаше, а другите пратеници не учествувале во гласањето. Дебатата во највисокиот законодавен дом, за вториот владин ешалон траеше два дена колку што е предвидено законски и за избирот на министрите. Говорницата на Собранието, опозицијата го користеше за обвинувања и напади кон мнозинството и новата влада, а неретко се навратија и на предходната Влада. Во неговото излагање за представување на кандидатите, премиерот Зоран Заев, вчера рече дека станува збор за одговорни кадри кои се спремни да работат во реализација на владината програма и постигнување на стратешките цели за земјата и граѓаните.