• Latest
Собрание на РСМ. Фото: А. Зеќири/ЦИВИЛ

Собранието ги верификуваше мандатите на новите шест пратеници, претходниците станаа градоначалници

November 5, 2021

Како лагата добива изглед на вистина – што е перење пропаганда? (ИНФОГРАФИК)

November 28, 2026

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Собранието ги верификуваше мандатите на новите шест пратеници, претходниците станаа градоначалници

November 5, 2021 18:57
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Собрание на РСМ. Фото: А. Зеќири/ЦИВИЛ

Собрание на РСМ. Фото: А. Зеќири/ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Собранието денеска попладне на пленарна седница ги верификуваше  мандатите на новите пратеници откако неколкумина народни избраници станаа градоначалници на локалните избори што завршија во неделата.

„За“ гласаа 83 пратеници, немаше против и воздржани. На местото на Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ, кој е избран за нов градоначалник на Општина Аеродром, доаѓа Тони Јаревски, а на местото на Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ, кој стана градоначалник на Општина Бутел доаѓа Зоран Коцевски.  На местото на Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ, кој е новиот градоначалник на Штип, доаѓа Драган Ковачки.

Костадин Костадинов, кој е нов градоначалник на Струмица, во собраниските клупи ќе го замени Љубица Спасова, а Кирил Пецаков, кој стана градоначалник на Охрид, Грација Бакраческа. Биљал Касами, кој на локалните избори беше избран за градоначалник на Тетово, ќе го замени Драгољуб Филиповски.

Панчо Минов, претседател на Комисијата за деловнички и мандатно- имунитетни прашања информира дека го усвоиле Извештајот на Државната изборна комисија (ДИК) за преземените работи согласно член 153 од Изборникот законик за прифаќање на остатокот на мандатот на пратеник во Собранието. Минов рече дека Комисијата му предлага на Собранието да се верифицира мандатот на избраните пратеници од листата на кандидати за остатокот од мандатот – Тони Јаревски, Зоран Коцевски, Драган Ковачки, Љубица Спасова, Грација Бакрачевска и Драгољуб Филиповски.

Пратеникот на Левица Димитар Апасиев се осврна на верификацијата на мандат и смета дека нема потреба да постои. Според него, претседателот на Собранието Џафери направил, како што рече, „каша попара“ на почетокот со осумте пратеници кои ги верификуваше Верификациската комисија, која според нашиот Деловик е ад кох комисија составена од пет члена и таа ги верификува мандатите на првите матично избрани пратеници.

Реплицирајќи Џафери рече дека Апасиев прави „каша и попара“ со правниот систем во оваа држава и оти манипулира со јавноста. Според него Апасиев се повикува на состојба пред една ипол година кога во Собранието немало избрано работни тела, а Верификационата комисија била избрана и била во функција се додека не се избере соодветно работно тело.

-Неумесно е да манипулирате со јавноста, нагласи Џафери и додаде дека верификацијата на мандат е пропишана со Деловникот и оти има и Закон за Собрание. Посочи дека Апасиев како и секој граѓанин може да покрене постапка пред Уставен суд ако смета дека не треба Закон за Собрание. Нагласи дека одлуките на Собранието според нашиот Устав не потпаѓаат под управна постапка или под надлежност на управен суд.

Џафери образложи дека секој граѓанин и Апасиев ако има проблем со одлуките на Собранието може да покрене соодветна постапка пред Уставен суд.

По верификацијата новите пратеници влегоа во собраниската сала и седнаа на своите места.

Пред седницата на Собранието, Државната изборна комисија денеска им ги издаде уверенијата на шесте нови пратеници во Собранието, кои ги заменија пратениците избрани за градоначалници на завршените локални избори.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ