• Latest

Собранието го чека мислењето од Владата за автентичното толкување

December 3, 2019
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Трамп воодушевен од „многу силното минато“ на сирискиот претседател, поранешен член на Ал-Каеда, за чија глава САД распишаа награда од 10 милиони долари

May 16, 2025
Фото: Скриншот ТВ Телма

ССНМ: Сиљановска Давкова да се воздржи од изјави кои може негативно да влијаат на слободата на новинарите

May 16, 2025

За пожарот во модуларната болница во Тетово, двајцата директори осудени на ефективна затворска казна од година и шест месеци

May 16, 2025
Фотографија: МИА архива

Од странство се враќаат четворица пациенти од пожарот во Кочани, 11 остануваат во странски медицински центри

May 16, 2025
Фото: Скриншот од лајв видео на ВВС

Украинските и руските претставници се сретнаа лице в лице во Истанбул, прв пат по три години

May 16, 2025

Пораки од Тирана: Санкции за притисок врз Кремљ, Путин несериозен во врска со мирот

May 16, 2025

Фон дер Лајен од Тирана: ЕУ подготвува нов пакет санкции против Русија, Путин избегнува мир

May 16, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Европските лидери од Самитот во Тирана едногласно најавија санкции против Русија; Дијалогот меѓу Косово и Србија неизбежно ќе биде предмет на дискусија Самитот

May 16, 2025
Фото: ССНМ

Отворен конкурсот за ЕУ наградите за истражувачко новинарство 2025

May 16, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Меѓународна конференција „Сребреница – совеста на светот“: Глас против негирањето на геноцидот и пропагандата

May 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Собранието го чека мислењето од Владата за автентичното толкување

December 3, 2019 09:09
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во очекување на мислењето на Владата во врска со барањето за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување, поднесено од СДСМ, во јавноста продолжува дебатата дали треба да се толкува веќе укинат член од закон, дали треба да се амнестираат политичари, кој ќе поддржи ваков предлог во Собранието, а кој ќе се огради од него.

Претседателот на Собранието Талат Џафери вчера испрати писма со барањето за автентично толкување ќе достави до Законодавно-правната комисија и до Владата. Претседателката на ЗПК, Соња Мираковска рече дека ќе закаже седница кога ќе биде доставено мислењето од Владата, а можеби, доколку, Комисијата одлучи ќе биде консултирана и матичното собраниско тело на кое е донесен законот, Комисијата за политички систем. Пленарна седница, како што кажа вчера Џафери, најрано може да има на 11 декември или подоцна, поради собраниските процедури за амандманската расправа за буџетот за следната година.

Според Деловникот на Собранието, откако ќе го достави автентичното толкување до ЗПК и до Владата, ќе се чека мислењето од Владата, по што треба да се состане Законодвано правната комисија. Членовите на ЗПК треба да го разгледаат барањето од СДСМ и мислењето од Владата, и да се одлучат дали ќе го прифатат или не.  Доколку оцени за потребно ЗПК може да побара мислење и од Комисијата за политички систем како матично собраниско тело кое првично донело одлука законот да се донесе. ЗПК може да расправа дури и Владата да не достави мислење. Доколку ЗПК го прифати барањето треба да предложи формулација до Собранието, а доколку не го профати, треба да достави извештај. И во двата случаја барањето за автентично толкување завршува пред пратениците.
Доколку има предлог – автентично толкување и заклучок од ЗПК, до почетокот на собраниската седница за предложениот текст може да се доставуваат амандмани, кои ќе се разгледуваат на седницата.  Доколку ЗПК го одбие барањето, испраќа извештај до Собранието, кое пак го прифаќа или го одбива. И да нема и да има одлука од ЗПК, Собранието решава дали и какво автентично толкување ќе се донесе. Во двата случаја потребно е просто мнозинство.
Пратениците засега не соопштуваат официјални ставови во однос на барањето, бидејќи како што посочуваат се уште не им бил доставен документот. Најголем дел од нив, не поддржуваат помилувања или аменстии за политичари.

Мираковска, како претседател на ЗПК рече дека барањето за автентично толкување, кое го видела во пратеничката група на СДСМ, се однесува на членот 11 од Законот за помилување.

-Законодавецот треба да го даде одговорот, има одредба, нема одредба, дали тоа значи имање процедура или не, рече таа, а нејзин личен став е дека членот 11 од законот не постои бидејќи е укинат со одлука од Уставниот суд. Според неа, сепак ќе мора да се почека и мислењето на Владата.

На прашањето зошто се бара да се толкува одредба што е укината, Мираковска вели дека „можеби нема да се толкува“.

– Тоа е одлука која треба да се донесе – дали ќе се толкува или не. Но, во секој случај како ЗКП можеби ќе побараме мислење од матичното работно тело (Комисија за политички систем), а ако се договориме и од Владата, рече Мираковска.

Пратеничката Снежана Калеска-Ванчева ги повика сите пратеници, пред се пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, како што рече, во името на заштитата на правдата, да го поддржат барањето на СДСМ за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување.

-Најважно во овој момент е да се затвори нелегалната аболиција на Иванов и да се обезбеди одговорност пред законите на сите оние коишто ги прекршиле, рече таа повикувајќи го лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да ги повика пратениците да гласаат за барањето, а потоа може да се дискутира и за други предлози. Обвини дека по последните скандалозни случувања во правосудството јасно покажуваат дека и зад најавите од Уставниот суд, стојат структури на ВМРО-ДПМНЕ и дека Мицкоски работи во корист на неговиот ментор од Будимпешта.

Според координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски нејасно е зошто барањето за автентично толкување на СДСМ се однесува на членот 11 од Законот за помилување, кога Владата го коментира членот 11-а од Законот.

– Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе го следи ставот на претседателот на партијата, и инсистира да се прифатат нивните барања со закон да се забрани занимавање со политика на аболицирани политичари. Ќе поддржиме иницијатива за да се стави крај на злоупотребата на механизмот аболиција и ги повикувам сите пратеници да направиме заеднички исчекор и да се стави крај на сите политичари кои во минатото биле аболирани или аменстирани, рече Мицевски.
Барањето ќе се разгледа откако ќе се добие мислење од Владата, а неговите очекувања, како што кажа, се дека ќе има „некои игри“ кој се и како се треба да биде опфатен со тоа автентично толкување.
-Се толкува само членот, а не се даваат дополнителни мислења или сугестии или што се треба да опфати тоа. Да го добиеме прво мислењето од Влада, да го разгледаме и ќе го имате ставот. Начелниот став на ВМРО-ДПМНЕ го кажа претседателот на партијата Христијан Мицкоски, рече координаторот на пратеничката група Мицевски.
Прашан кој е ставот на ДУИ во однос на автенитчното толкување на член 11 од Законот за помилување Артан Груби вчера по седницата на централното претседателство на партијата рече, дека воопшто не било разговарано околу тоа прашање.
– Останува тоа прашање да се дебатира во Собранието како и во Уставен суд. Лично сметам дека е дојдено време политиката што помалку да се меша во судството и судството што помалку да се меша во политиката и сите да си ја вршат својата работа согласно Уставот и согласно законот. Сметам дека треба да има одговорност за сите тие што згрешиле по законот, изјави Груби.
Во Собранието, посочи Груби, секако дека ќе се разговара, ќе се дебатира и на крајот ќе се гласа.
Пратеникот Фадил Зендели од Беса, кој е член на Законодавно-правната комисија, изјави дека не може да каже официјален став за барањето на СДСМ за автентично толкување бидејќи не го добил, но вели дека принципиелно е против помилување и оти тоа што сега пред избори се прави е препукување или калкулации на политичките партии.
-Имајќи го предвид моментот кога е отворена иницијативата и дебатата во Уставниот суд, сега кога веќе се најавени наредните избори, ова се прави за политички препукувања или калкулации на политичките партии. Неспорно е дека лично како пратеник и како политичка партија сме биле против амнестија, затоа што сметаме дека државата и правосудните институции треба суштински да се борат со криминалот и корупцијата во државата, а не да има амнестија, а не да има аболиција. Ова посебно ако се работи за политичари од висок профил, вели Зендели.
Пратеникот Сурија Рушити од Алијансата на Албанците денеска изјави дека нивниот став во однос на помилувањата е конзистентен и дека тие сметаат оти треба да има суштинска борба против криминалот и корупцијата во државата.
Во однос на барањето за автентично толкување на  СДСМ за членот 11 од Законот за полмилување, Рушити рече дека пред да го коменира сака да го погледне официјално документот кој се уште не му е доставен.
И Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ се уште нема изградено став. Емилија Александрова кажа дека вчера во Собранието не биле сите пратеници од нивната пратеничка група и оти затоа немаат изградено став.
извор: МИА
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ