• Latest

Собранието изгласа недоверба на членовите на Судскиот совет, но за заминување од функциите одлучуваат самите судии

March 15, 2025

24 ЧАСА: Оган ја гори Македонија; 6.600 граѓани тргнаа пешки до Сребреница; Нетанјаху го номинираше Трамп за Нобелова награда за мир

July 8, 2025
Фото: ВИ

На збор ЕУ, на дело изолација – Мицкоски ја води Македонија по сопствените црвени линии

July 8, 2025

ЦВАЈ ТАГ, ДРАЈ ПАРАД ПРЕД НАШИТЕ ОЧИ: Огин го гори Чучер-Сандево

July 8, 2025
Фото: ЦУК/ Фејсбук

ЦУК: Во земјава беснеат 9 активни пожари, еден локализиран 

July 8, 2025
Исечок од видео на Радио слободна Европа / Деца од воено силување

Тој повеќе не е невидлив: Приказната за дете родено по силување во војната во Босна

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на wocomoMOTORS

Ротердам, најголемото европско пристаниште се подготвува за потенцијална војна со Русија

July 8, 2025
Фото: МИА архива

Советот на ЕУ го одобри пристапувањето на Бугарија во Еврозоната

July 8, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Над 6.600 учесници тргнаа кон Поточари во Маршот на мирот по повод 30 години од геноцидот во Сребреница

July 8, 2025
Фото: Оксана Маркарова / Х

Амбасадорката на Украина во САД ќе биде разрешена, потврди извор од Кабинетот на Зеленски

July 8, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Има ли крај сагата со „раскинувањето“ помеѓу Трамп и Маск

July 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Собранието изгласа недоверба на членовите на Судскиот совет, но за заминување од функциите одлучуваат самите судии

March 15, 2025 09:29
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Изгласаната недоверба на петмината членови на Судскиот совет избрани од Собранието – Весна Дамева, Павлина Црвенковска, Миљазим Мустафа, Тања Чачарова-Илиевска и Селим Адеми се уште ја бранува јавноста. Премиерот Христијан Мицкоски, вчера го повтори ставот дека доколку членовите на Судски совет не постапат соодветно одлуката на парламентарците кои им изгласаа недоверба, може да им се случи народ.

Во однос на интерпелациите на членовите на Судски совет, претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, вчера порача дека уставните гаранции за независноста на Судскиот совет се многу важни, додека известувачот на Европскиот парламент за земјава Томас Вајц, овој повик од Владата е „загрижувачки знак за политичко мешање во судството“.

Иако интерпелациите го добија потребното мнозинство во Собранието, за заминувањето од функциите на петте члена на Судскиот совет одлучуваат самите.

Мандатот на членовите на Судскиот совет е шест години, а на тројца од петмината на кои Собранието им изгласа недоверба им завршува до крајот на годинава, на еден следната 2026 и еден во 2027 година.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера го повтори ставот дека доколку членовите на Судски совет не постапат соодветно одлуката на парламентарците кои им изгласаа недоверба и се инаетат, можно e да им се случи народ, затоа што народот, вели, е желен за правда, а тој ќе го поддржи народот.

– Кога тие коишто претходно ја дале довербата, гласат интерпелација односно ви гласат недоверба, доблесно, чесно е да не правите трикови, да не барате дупки во законите, да си заминете. Многу едноставно. Гледаме дека поединци од таму тераат инает. Мислат дека со инает ќе успеат нешто да направат. Јас сум постојано со народот, и го слушам народот како реагира. И јас само сакам да кажам дека доколку не постапат соодветно на одлуката на тие коишто ги бираат, тоа се парламентарците, се плашам дека може да им се случи народ, да се самоорганизира и да протестира затоа што народот е желен за правда, рече премиерот Мицкоски на новинарско прашање по увидот на проекти во општина Ѓорче Петров.

Тој подвлече дека довербата од граѓаните на последните избори ја добиле токму заради нивните ветувања за правда за сите.

-Ние излеговме на избори, освоивме пола милион гласови, нас ни беше важно и многу важен дел од нашата кампања и програма беше правдата. Правда за сите, не само за поединци, туку правда за сите. И во име на тоа, имам чувство дека доколку дојде до ваква ескалација и излезе народ да протестира дека тој може да биде многуброен и нормално, поддржан лично од мене. Ако се служат со трикови, водат ианет дека може да се самоорганизира народ и да им се случи народ, наведе Мицкоски.

Тој не смета дека ова е преседан и дека со ваквата најава за протести се врши упад во независноста на правосудството, и додаде дека како претседател на Владата негова должност е да предупредува на последиците од однесувањето на членовите на Советот.

Претседателот на Уставен суд, вчера на брифинг со новинарите, се осврна на прашањето за интерпелациите за членовите на Судскиот совет, истакнувајќи дека правото на законодавецот да нормира е неспорно, но должност на законодавецот е да го почитува Уставот.

-Што е уставно не кажувам јас, кажува Уставниот суд. Мојот став е дека е неспорно правото на законодавецот да нормира, или кога ќе увиди некои слабости во поредокот да интервенира со законски измени и надополнувања. Но, должност на законодавецот е да го почитува Уставот и кога веќе кажав дека овие три власти подлежат на начелото поделба на власта согласно принципот на контрола и рамнотежа, нашиот Устав не кажува сѐ, ниту еден устав на светот не дава одговор на сѐ. Интерпелацијата е уставна категорија, но, нашиот Устав дава гаранции на независноста на судската власт. Мое лично мислење е дека тој принцип на контрола и рамнотежа на законодавната и извршната власт во судската власт кој ужива гаранции за својата независност, се исцрпува со изборот на овие пет членови на судскиот совет, тоа не се судии, несудиски членови, тоа е мој личен став, тоа е доволна контрола во тој систем на check and balances, рече тој.

Заклучи дека, како што рече „постојат дилеми и за постапувањето на Собранието, но јас секогаш велам, не е толку тешко да се толкува Уставот, уставните гаранции за независноста на судскиот совет се многу важни гаранции“.

Известувачот на Европскиот парламент за Северна Македонија Томас Вајц во пишана изјава до медиумите завчера реагираше на, како што се посочува, „притисокот на владината коалиција членовите на Судскиот совет да поднесат оставки или да бидат разрешени поради нивната наводна политичка припадност“.

-Овој повик од страна на Владата е загрижувачки знак за политичко мешање во судството. Независноста на судскиот систем е клучна за владеењето на правото и поделбата на власта, коишто се темелни вредности на патот на Северна Македонија кон ЕУ, наведува Вајц во пишаната изјава до медиумите.

Весна Дамева, образложувајќи го својот одговор на седницата за нејзина интерпелација со Собранието, истакна дека изминатиот период континуирано, како што кажа, одредени луѓе од политиката се обидуваат да ја омаловажат, изнесувајќи невистини и небулози.

-Се спореше мојата стручност и компетентност, и на сето тоа не реагирав пред се да го зачувам угледот на Судскиот совет. Бев спремна дека вие политичарите ќе ги користите сите средства и начини да не девалвирате нас, носителите на судска власт, кои не ви одговараме. Не дојдов да се правдам и заштитам себе си, дојдов да застанам на страната на владеење на правото, истакна Дамева, отфрлајќи ги наводите од интерпелацијата.

Во врска со интерпелацијата во Собранието, членот на Судскиот совет Тања Чачарова – Илиевска, рече дека „интерпелацијата против петте членови на Судскиот совет, кои што ги избира Собранието е недозволена. Не само што не е дозволена, туку овој акт претставува преседан во досегашната парламентарна демократија“.

Советот е составен од 15 члена, од кои осум члена ги избираат судиите од своите редови, петмина ги избира Собранието од кои двајца на предлог на претседателот на државата. По функција членови на Советот се претседателот на Врховниот суд и министерот за правда, кои учествуваат во работата на Советот без право на глас.

Петмина од членовите од редот на судиите беа избрани минатата година. Во декември судиите Аритон Ала од Апелацискиот суд Скопје и Данка Ристова од Апелацискиот суд Штип, претходно во септември беше избрана судијката Џенета Бектовиќ од Основниот кривичен суд Скопје како член на Советот од редот на судиите припадници на заедниците, кои се помалку од 20 проценти од населението во државата, додека во јуни нови членови станаа судиите Исамедин Лимани од Врховниот суд и Александар Камбовски од битолското апелациско подрачје.

Останатите тројца членови на Советот од редот на судиите се судијката Антоанета Димовска избрана во јули 2023 година, судијата Ивица Николовски избран во септември 2022 и Ханиф Зендели избран во јануари 2020 година.

На тројца членови на Советот мандатот им истекува годинава. Најрано завршува мандатот на двајца кои се бираат по предлог на претседателот на државата.  Во јули годинава завршува мандатот на Миљазим Мустафа, кој е избран во јули 2019 година, а во декември на Весна Дамева, избрана во декември 2019 година. До крајот на годинава завршува и мандатот на Селим Адеми избран во декември 2019 година.

Следната година во декември завршува мандатот на Павлина Црвенковска избрана во декемри 2020 година, Тања Чачарова-Илиевска, која е избрана во декември 2021 година, има мандат до декември 2027 година.

Единствениот орган за избор, оценка и контрола на работата на судиите и чуварот на довербата на граѓаните кон судството – Судскиот совет,  годината ја почна со претседателски „рокади“, а ја заврши со празно столче на функцијата претседател на Советот. Судскиот совет, повторно се најде во фокусот на јавноста, но не само по контроверзно разрешување, па враќање, и на крајот оставка од функција на претседателката Весна Дамева, туку и по обидите за примена на дел од препораките на Оценската мисија во своето работење, како и отворените повици од власта за нивно распуштање и реформа на Законот за судски совет.

Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ