• Latest
Фото: МИА

Собранието не го прифати Предлог законот за игри на среќа во прво читање, помина предлогот на ВМРО-ДПМНЕ задолжувањето кај Унгарија да влезе на дневен ред на 14. седница

September 12, 2024
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Собранието не го прифати Предлог законот за игри на среќа во прво читање, помина предлогот на ВМРО-ДПМНЕ задолжувањето кај Унгарија да влезе на дневен ред на 14. седница

September 12, 2024 09:15
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

По целодневна расправа и неколку паузи Собранието вчера, доцна попладне со 58 гласа „за“, 14 „против“ и без „воздржани“ го утврди дневниот ред на 14. седница.

Собранието во рамките на поладневниот дел од работата по дневниот ред од 14-тата седница ја заврши расправата за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за игри на среќа и забавни игри, во прво читање, предложен од пратениците од Европскиот фронт, и со 64 гласа „за“ и 13 „против“ заклучи дека не е прифатлив и оти не може да се даде на натамошно читање. Седницата продолжува утре во 12 часот.

Илире Даути од Европскиот фронт посочи дека во земјава има над 1.400 места каде што се игра комар.

-Токму затоа треба да помине Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за игри на среќа и забавни игри, рече Даути.

Нагласи дека тоа им го ветиле и на Здружението против комар од Тетово.

Елми Азири од истата коалиција посочи дека статистиките кажуваат дека во нашата држава за една година во коцкарниците има прилив од 800 милиони до една милијарда евра, што, како што рече, е речиси една четвртина од државниот буџет.

-Затоа нема причина да се одбие Предлог законот зашто со коцкањето се уништува иднината на децата и семејствата секојдневно имаат проблеми. Затоа ве повикувам да се тргнеме од нашата политичка матрица и да и дадеме предност на нашата совест, зашто сите сте свесни дека коцкарниците треба да се затворат, рече Азири.

Блерим Беџети, исто така, од Европскиот фронт истакна дека токму овој Предлог закон пред некое време беше повлечен од дневен ред на собраниска седница без почитување на процедурите.

-Има и игри на среќа на црно и треба и тие да се запрат зашто се зло за семејствата и за општеството, рече Беџети.

Овој Предлог на закон, како што истакна Сали Мурати од Европскиот фронт, има за цел да воведе построги ограничувања во игрите за среќа зашто либералниот пристап овозможува се повеќе млади да стануваат жртви на коцкањето и да бидат зависни од него.

-Зависноста од коцкање не влијае само на поединецот, туку на целото семејство. Финансиските загуби може да имаат долготрајни последици за децата и за сопружниците, рече Мурати.

Сали Сулејмани посочи дека коцкарниците во државата се на секој ќош што придонесува за зголемување на коцкањето, а тоа има длабоки последици за граѓаните бидејќи е „опасна болест која е раширена“.

Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека се согласува дека треба да се затворат казината, но додаде дека ова законско решение нема да го поддржат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ зашто со него се сака да се заштитат криминалот и бизнис интересите на некои луѓе од ДУИ.

-Колку лиценци се издадени во последните седум години, праша Стојаноски. Велите, рече, дека сакате да ги тргнете коцкарниците од училиштата, а во исто време направивте онлајн казина.

-Криминал има во овој бизнис со игри на среќа и многу брзо некој ќе биде повикан на одговорност, посочи Стојаноски и додаде дека Министерството за финансии подготвува закон за игри на среќа кој ќе биде системски и кој ќе биде донесен во инклузивна постапка.

Со „за“ гласаа 62 пратеника, и 16 „против“ помина и предлогот на пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски дневниот ред на седницата да се дополни со Предлог-законот за задолжување на Република Северна Македонија од 500 милиони евра кај Унгарската експорт-импорт банка.

За потребата од дополнување на предлог-дневниот ред со оваа точка, Стојаноски образложи дека половина од парите од задолжувањето кај Унгарската експорт-импорт банка ќе завршат директно кај стопанството, а другата половина кај општините кои со нив треба да спроведат капитални и инфраструктурни проекти.

На предлогот на пратеникот со реакција излезе координатор на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски Неговата реакција

Во образложението на предлог-законот за задолжување на Република Северна Македонија од 500 милиони евра кај Унгарската експорт-импорт банка, кој Владата предложи да се носи по скратена постапка., меѓу другото се наведува дека Република Северна Македонија ќе ѝ плати провизија за извршени правни услуги на независна фирма избрана од страна на Унгарската експорт-импорт банка, приватно друштво со ограничена одговорност.

Во врска со провизиските трошоци за правни услуги кои земјава треба да ѝ ги плати на фирма по избор на Унгарската банка, претходно денеска говореше и премиерот Христијан Мицкоски, кој рече дека ќе бидат во износ од 70 илјади евра. Оваа сума, како што кажа тој, е десетпати помала од она што во минатото како држава сме го плаќале за претходни задолжувања.

Коментирајќи го Предлог-законот за заемот од Унгарија, лидерот на СДСМ и пратеник, Венко Филипче денеска од Струмица рече дека станува збор за голем корупциски проект, за кој каматите ќе ги плаќаат идните генераци.

Според него, корупција во овој закон се гледа од авион. Најави дека СДСМ многу внимателно ќе следи кои ќе бидат формите што ќе бидат назначени од Унгарија и ќе бидат одговорни за провизиите, а сите работи што ќе ги откриваат, како што рече, ќе ги презентираат на јавноста.

Претходно со 71 глас „за“ пратениците ја утврдија потребата по скратена постапка да се донесе Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со кој, како што рече Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ ќе се реализира предизборното ветување на владејачката партија за линеарно зголемување на пензиите.

Собранието со  69 гласа  „за“, 17 „против“ и без воздржани, прифати по скратена постапка во рамките на 14. седница да се носи и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за локалната самоуправа.

М. Д. 

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: дневен редседницаСобрание
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ