• Latest

Собранието не го усвои предлогот за дополнување на Законот за здравствена заштита

May 18, 2021

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Собранието не го усвои предлогот за дополнување на Законот за здравствена заштита

May 18, 2021 16:42
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратениците денеска пред утврдување на дневниот ред на 41. седница не ги усвоија предлозите на Димитар Апасиев и Борислав Крмов од Левица кои предлагаат по скратена постапка да се донесе Законот за утврдување на максималните цени за болничко лекување и за тестирање на пациенти со КОВИД-19 во приватните задравствени установи.

Не беше усвоен и предлогот на група пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ кои предлагаат по скратена постапка да се донесе законот за дополнување на Законот за здравствената заштита.

Дафина Стојановска појасни дека не наишле на разбираење и затоа, како што рече, одиме со наш предлог на закон во кој меѓу изедначувањето на цените како во јавното, така да бидат и во приватното здравство, бараме рефундација на средства за сите оние кои веќе имаат направено трошоци. Посочи дека има луѓе кои се останати без куќи, со големи кредити, семејства со жртви, имаат голема финансиска загуба. Бараат на позитивна листа на лекови да се стави целата терапија која им се препишува на ваквите пациенти, само додека трае пандемијата и бараат пациенти кои би се нашле на листа на чекање повеќе од 60 дена да можат да ги добијат услугите во приватно здравство, по цени како и во јавното здравство. Предлаат PCR-тестовите да бидат бесплатни, и во јавно и во приватно здравство.

Пратениците не го усвоија барањето на пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ да се дополни дневниот ред со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија, поднесен од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во скратена постапка на 10 мај 2021 година со цел, како што рече, побрзо да се решат одредени суштински проблеми.

Не беа усвоени и предлозите на Ане Лашкоска и Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ. Лашкоска предложи дополнување на дневниот ред со Предлог-законот за изменување и дполнување на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи, во скратена постапка, поднесен од група пратеници на 5 мај 2021 година. Како причини таа ги наведе недоследноста во примената и извршувањето на постоечкиот закон и потребите на граѓаните. Ласовска, пак, предложи дополнување на дневен ред со Предог-законот за изменување и дополнување на Законот за основно образование, поднесен на 7 мај 2021 година. Целта на ова законско решение, како што нагласи, е да остане стариот начин на изучување на историјата или изучување на историјата како посебен предмет.

Собранието не го усвои предлогот на пратеникот Антонијо Милошоски, кој предложи Предлогот за именување член на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија да биде повлечен од дневен ред. Образложи дека предлогот има две незаконитости. Предложениот кандидат Лирим Сулејмани, кој по образование е правник, долги години бил на раководна позиција во ЕВН Електродистрибуција во КЕЦ „Васил Главинов“ – Скопје и сметаат дека би бил пристрасен во носењето одлуки поврзани со ЕВН. И додаде дека во сегашниот состав на РКЕ веќе има еден член правник и нема место за уште еден правник.

На дневен ред на 41. седница има вкупно 68 точки, а ако последни две точки се интерпелациите за работата на министерот за правда Бојан Маричиќ и вицепремиерот за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, поднесени од група пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ