Од кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери, пристигна појаснување за гласањето на пратеникот Арбен Зибери од ДУИ, кој гласаше изолирано за избор на Влада. „Пратеникот Зибери воопшто не присуствуваше на седницата, тој не се чувствувал добро, но не бил изолиран ниту тестиран на Ковид-19. Од колегијален аспект, поради тоа што не се чувствувал добро, го информирал претседателот на Собранието. Претседателот по протокол на Здравствената комисија подготви посебен простор за гласање, на горниот кат во кабина за превод, претходно дезинфицирана. Пратеникот дојде само во моментот на гласање, од кола во лифт, директно во кабината и назад по истиот пат, по завршување на гласањето. Лифотот не беше во функција до моментот на негово дезифенцирање. Претседателот Џафери целосно и доследно ги почитуваше протоколите дадени од Комисијата“, соопштуваат од Собрание.
Б. Ј.