• Latest

Собраниската делегација оствари средба со членови на Комисијата за ЕУ на Бундестагот

May 18, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Собраниската делегација оствари средба со членови на Комисијата за ЕУ на Бундестагот

May 18, 2022 14:20
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Во текот на вториот ден од студиската посета на Бундестагот, делегацијата предводена од претседателот Џафери, во чиј состав се потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, и координаторите: Диме Велковски, Никола Мицевски, Арбер Адеми, Сурија Рашиди и Сафије Садики Шаини, генералната секретарка Цветанка Иванова, шефот на Кабинет Илир Селмани, службата на Собранието, амбасадорката на Швајцарија и претставници од НДИ оствари средба со претседателот на Комисијата за прашања од  Европската Унија на Бундестагот, г. Антон Хофрајтер и членовите на Комисијата, информираат од собранисата прес служба.

На средбата, претседателот Џафери се заблагодари за одличната програма на студиската посета и му даде збор на претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Арбер Адеми, кој ги подвлече храбрите и големи чекори кои ги презема државата, од внатрешни реформи до договори за добрососедство, прифаќање и прилагодување кон новата методологија, за по сите процеси да се соочиме со блокада од Република Бугарија.

Адеми укажа на разочараноста на граѓаните од исходот и успореноста на евроинтеграривниот процес, но нагласи дека е уверен дека до јуни ќе се сменат состојбите, особено имајќи го предвид кредибилитетот на ЕУ и нејзината улога и влијание не само за Северна Македонија, туку и во Регионот.

Членовите на делегацијата Мисовски, Велковски и Мицевски, искажаа благодарност за континуираната поддршка што Северна Македонија ја добива од Република Германија во контекст на евроинтеграциите и нагласија дека политичките партии во Собранието едногласно се залагаат и работат за да ги исполнат очекувањата на над 70% од граѓаните кои поддржуваат членство на Северна Македонија во ЕУ.

Претседателот на Комисијата за прашања од Европската Унија, г. Хофрајтер, нагласи дека огромен дел од земјите членки на ЕУ гласно го поддржуваат членството на Северна Македонија во ЕУ и дека германските пратеници се добро запознаени со ветото на Бугарија кон Северна Македонија. Војната во Русија покажа колку е значајно да не се троши предолго време за нештата да се придвижат напред и ги увери присутните дека Германија прави сѐ за да проширувањето на ЕУ да се случи што поскоро, затоа што државите членки на ЕУ нудат многу повеќе работни места, поотворен пазар на работна сила, повеќе мир и подобра иднина за своите граѓани.

Присутните се согласија дека додека Република Северна Македонија чека да стане членка на ЕУ покажува доблест преку реформи во многу области, почнувајќи од добрососедските односи и договори, работи на националниот идентитет, социјалните реформи и придонесува за мирот во Европа, зачувувајќи ја безбедноста на своите граници.

Соговорниците испратија заедничка порака дека по пандемијата, војната во Украина и премрежјата со кои се соочивме, на ЕУ ѝ е потребна успешна приказна – проширување со нова членка.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ