• Latest
Фото: МИА Архива

Собраниската комисија за избори утврди четворица од кандидатите на листата за членови на Советот на АВМУ

January 29, 2025
Тенеси, експлозија. Фото: Скриншот од видео на Би-Би-Си

Неколку луѓе загинаа а најмалку 12 се водат за исчезнати при експлозија во воена фабрика во САД

October 10, 2025

Мачадо: Нобеловата награда за мир е огромно признание за борбата за сите Венецуелци

October 10, 2025

ОЈО Битола поднесе жалба: Марковски треба да оди во затворски притвор, има имот во странство, може да побегне

October 10, 2025
Фото: генерирано со ChatGPT

„Slop“ – новиот збор на младите за ВИ содржини

October 10, 2025

Од недела почнува постепено воведување на новиот систем за контрола на надворешните граници на ЕУ

October 10, 2025

Граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет ќе се отвори на 14 октомври, соопшти Италија

October 10, 2025
Меѓународна конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, 8-10 октомври 2025, панел на вториот ден од конференцијата (фото: ЦИВИЛ)

Одбрана на демократијата: Боиште на вистината – Од увид до акција

October 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

October 10, 2025
Државен јавен обвинител, Љупчо Коцевски / фото: ЈО

Коцевски до Адвокатската комора: Дезинформации и недостоен публицитет околу случајот „Пулс“ во Кочани

October 10, 2025
Фото: амбасадорката Лариса Дир/Х

Рускиот напад на цивилната и енергетската инфраструктура не е само воено злосторство, туку и елемент на геноцид

October 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Собраниската комисија за избори утврди четворица од кандидатите на листата за членови на Советот на АВМУ

January 29, 2025 14:13
in Uncategorized
Фото: МИА Архива

Фото: МИА Архива

Share on FacebookShare on Twitter

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седницата ги изгласа Виктор Павловски, Сашо Стефановски, Петар Џуровски и Цветанка Миновска како кандидати на листата за членови на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Тројцата беа изгласани со 10 гласа „за“ на предлог на координаторот на ВМРО-ДПМНЕ пратеникот Никола Мицески. Мицески кажа дека тие ги исполнуваат потребните услови согласно објавениот оглас од страна на Собранието и учествувале на јавната расправа.

Пратеникот од ЗНАМ Даниел Стојчевски за кандидат на листата за членови на АВМУ ја предложи Цветанка Миновска, новинар во МИА со 28 годишно работно искуство и со богата биографија за која истакна дека ги исполнува потребните услови за оваа позиција.

По барање на пратеничката група на СДСМ беше дадена куса пауза, по што беше изгласан предлогот за изборот на Миновска на листата на кандидати.

Пратеничката Илире Даути од Алијанса на Албанците реагираше обвинувајќи за политизација на изборот на Советот на АВМУ и ја напушти седницата.

-Нема зошто да земаме учество во оваа претходно наместена игра од страна на политичките партии. Се гледа дека добро се координирале во овој случај ВМРО-ДПМНЕ со ЗНАМ, можеби и со СДСМ и од друга страна со Левица, можеби и со ВЛЕН. За да не сме дел од сето ова уште еднаш да го изјасниме нашето противење за навлегување на политиката во медиумите, нас ни преостанува да ја напуштиме оваа седница во знак на протест, рече Даути и ги повика пратениците членови од Европскиот фронт да ја напуштат седницата.

По излагањето на Даути пратеникот Ријад Шакири од Алијанса за Албанците побара дополнителна пауза од 15 минути, по што седницата треба да продолжи.

На јавниот конкурс за член на Советот беа пријавени 31 кандидат, но еден кандидат ја повлече кандидатурата. Пријавените кандидати ќе се борат за седум места во Советот на АВМУ. Од 30-те пријавени кандидати, Комисијата изгласа дека 24 ги исполнуваат условите, а шест не ги исполнуваат условите, затоа што не доставиле уверение за државјанство, кое било еден од условите.

Условите за член на АВМУ ги исполнуваат Сашо Стефановски, Нафије Селмани, Драгица Љубеска, Петар Џуровски, Емилија Петреска Камењарова, Шабан Даљипи, Андријана Скерлев Чакар, Лазо Петрушевски, Зоран Фиданоски, Арбен Саити, Емилија Јаневска, Давор Башоски, Даут Даути, Гордана Мајнова, Виктор Павловски, Владимир Ѓорѓиевски, Елена Стојковска, Зеријета Хајро Јајага, Цветанка Миновска, Стојанче Наумов, Афрона Верзиволи и Борис Арсов.

Членовите се бираат со двотретинско и со Бадентерово мнозинство во Комисијата и од Собранието.

На дневен ред на оваа седница е и Утврдувањето Предлог – одлука за објавување јавен оглас за именување претседател и членови на Државна комисија за жалби по јавни набавки, пишува МИА.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

    Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ