Во врска со наводите изнесени на прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, за наводно фрлени амандмани поднесени за Законот за употреба на јазиците од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Собранието денеска излезе со соопштение до јавноста. „Собранието на Република Македонија најостро ги демантира овие наводи од причина што сите поднесени амандмани за Законот за употреба на јазиците се уредно примени со собраниската архива.“ стои во соопштението на Собранието на Република Македонија.
Според нив, поголемиот дел од поднесените амандмани се архивирани и ставени на е-парламент и дека со оглед на големиот број на поднесени амандмани, Службата на Собранието уредно постапува во рамките на своите задолженија.
„По спроведена интерна проверка утврдено е дека сите оригинали од амандманите уредно се архивирани и се наоѓаат во собраниската архива.“
Според Собранието, наводите изнесени од ВМРО-ДПМНЕ се обид за груба манупулација со јавноста и дискредитација на Службата на Собранието и апелираат сите политички субјекти да се воздржат од шпекулации и да не ја дефинформираат јавноста.
А.П.