• Latest

Солидарност од надвор, сопки од внатре!

October 30, 2020

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Солидарност од надвор, сопки од внатре!

October 30, 2020 13:23
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Точно 235 дена поминаа откако Светската здравствена организација прогласи пандемија од коронавирус. Во изминатиов период солидарноста и помоштта од ЕУ, НАТО, Норвешка, Германија, Турција, Австрија, Кина, САД и други држави одиграа значајна улога за нашата држава да може полесно да се справи со Ковид-19.

Додека помошта пристига од сите страни за полесно да се справиме со пандемијата, за жал, македонските политичари од опозицијата не покажаа чувство за состојбата во која се наоѓа земјата, туку постојано ја напаѓаат власта, пред сè преку неаргументирани обвинувања, соопштенија, протести, собири… како да сме во предизборна кампања.

НАТО

Во Скопје денеска треба да пристигнат 60 респиратори, донација од НАТО за справување со последиците од пандемијата на Ковид-19. Донацијата од НАТО Доверителниот фонд, вредна 1,4 милиони евра.

Помошта за Северна Македонија во справувањето со ситуацијата создадена од Ковид-19, ја најави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, при посетата во Скопје пред дваесет дена, при што истакна дека во тешки времиња сојузниците се поважни од кога било, додавајќи: „Ова е солидарноста на НАТО на дело“.

Норвешка

На 13 јули, Норвешка донираше медицинска опрема за полската болница Rolle 2. Донацијата од еден тон медицински материјал од Норвешка, која се состои од медицински маски, маски за изолација, заштитни маски, заштитни наочари и термометри наменети за полската болница Rolle 2, во вредност од околу 200 илјади евра. Донацијата е реализирана преку НАТО Агенцијата за поддршка и набавки и транспортирана од Алијансата.

„НАТО-сојузниците  ја покажуваат солидарнста и соработката со сите земји-членки, рече државниот секретар во Министерството за одбрана, Драган Николиќ, по предавањето на помошта, додавајќи: „Ги проширивме и капацитетите на Инфетивната клинка со поставување на мобилната полска болница Rolle 2, која всушност е донација од Кралството Норвешка“.

ЕУ

Од почетокот на пандемијата со корона вирусот, ЕУ обезбеди итна медицинска помош за Северна Македонија во вредност од четири милиони евра, во која беа вклучени и многу потребните респиратори. Таа ја вклучи земјата во нејзиниот заеднички договор за набавки и механизмот за итни случаи, кои дотогаш беа достапни само за земјите-членки. На овој начин, Северна Македонија има можност да врши нарачки за набавка на Веклури (Ремдесивир) директно од фармацевтската компанија. Веклури е единствениот овластен лек во ЕУ за третман на пациенти со Ковид-19 на кои им е потребно снабдување со кислород.

Со цел да и помогне на Северна Македонија во управувањето со економските последици од пандемијата, ЕУ обезбеди 160 милиони евра макрофинансиска помош во форма на долгорочни заеми со поволни стапки. Првата транша од 80 милиони евра беше исплатена во почетокот на овој месец. Претходно, ЕУ обезбеди 3 милиони евра директна буџетска поддршка за секторот труд и образование. Значителна помош за компаниите и пазарот на трудот (49 милиони евра во форма на грантови и бескаматни заеми) ќе биде достапна до крајот на месецот.

Европската унија пред 15 дена испорача уште една пратка залихи за Северна Македонија, во обид да и помогне на земјата во справувањето со кризата со корона вирусот. Оваа помош е понудена од Република Словачка, преку механизмот за цивилна заштита на ЕУ. Помошта се состои од 10.000 FFP3 маски, 6.000 FFP2 маски, 20.000 хируршки маски, како и други предмети, како што се хигиенски пакети и генератори. Дополнителни 75.000 FFP2 маски и 35.000 наметки беа доделени од rescEU медицинските резерви во Германија.

Кина

Кинескиот Амбасадор во Македонија Џанг Ѕуо, пред два дена, донираше 310 таблети наменети за учениците кои немаат нагледни средства за да ја следат наставата он лајн. Таблетите ѝ беа донирани на Општина Гази Баба. Амбасадорот Џанг Ѕуо при посетата на општина Гази Баба посочи дека и пред глобалната пандемија, двете влади и народите на двете земји си помагаа едни на други, за да ги надминат тешкотиите заедно.

Во почетокот на пандемијата Кина уплатила околу два милиони денари парична помош на сметката на министерството за здравство. На 19 април, како помош за Северна Македонија од Народна Република Кина пристигнаа пет илјади и шестнаесет комплети за тестирање, 5.000 заштитни одела, 30.000 заштитни медицински маски (вклучително 10,000 N95 и 20.000 хируршки маски), 10.000 медицински очила, 20.000 пара ракавици, 10.000 парчиња за заштита за чевлите.

Турција

Во април, Турција со авион на турската армија и достави на Северна Македонија помош во медицински материјали за справување со коронавирусот. Помошта беше од 50.000 парчиња заштитни медицински маски, 1.000 заштитни скафандери, 1.000 дијагностички тестови и друг медицински материјал.

TИКА

Турската агенција за соработка и координација – ТИКА донираше бесконтактни термометри и дезинфициенти за детските градинки и основните училишта во Северна Македонија.

„Голема благодарност до Република Турција и до ТИКА за донацијата од 400 бесконтактни топломери и 400 пунктови за дезинфекција“, нагласи министерката Царовска.

Германија

На 27 јули, германска амбасадорка во Северна Македонија, Анке Холштајн потпиша договори за донации на четири болници во земјата во вредност од над 150 илјади евра. Со средства од германското Министерство за надворешни работи, четири болници во Северна Македонија добиле можност да набават медицинска опрема и амбулантни возила. Донациите од Германија се дел од поддршката за справување со пандемијата на ковид- 19 и директна помош на граѓаните. Со договорите за донација кои ги потпиша амбасадорката Анке Холштајн помош ќе добија болниците во Штип, Куманово и Прилеп и здравствениот дом во Гостивар.

САД

На 29 јуни, Амбасадорката на САД, Н.Е. Кејт Мари Брнз, предаде донација во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, од Соединетите Американски Држави, преку Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (ИНЛ). Донацијата со вредност од 35.000 американски долари е наменета како поддршка за намалување на ширењето на КОВИД-19.

Полска

На 28 мај, Полска донираше 100.000 маски и 10.000 литри средства за дезинфенција. Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на национален координатор на странска помош, а во присуство на полскиот амбасадор Војчех Тицињски, ја прими донацијата која Полска ја обезбеди за нашата земја како поддршка во борбата против Ковид-19.

Катар

Од Катар за Северна Македонија како медицинска помош испратени се 500.000 хируршки маски, околу 80.000 „Н95“ маски и „ФФП2“ маски.

УНИЦЕФ

На 29 мај, УНИЦЕФ ги испорача првите седум од десет респиратори кои се донираат на здравствените установи во Северна Македонија. Првата серија респиратори е доставена до одделенијата за интензивна нега кои лекуваат пациенти со КОВИД-19 низ целата земја.

Куба

Амбасадорката на Куба во Македонија, Каридад Јамира Кието Милиан порача дека дека по урнекот на помошта што нејзината земја несебично ја пружи во Италија и во Франција, Куба во секое време е подготвена да ѝ помогне и на Македонија доколку е тоа потребно во справувањето со епидемијата од Ковид-19.

Сите даваат помош, опозицијата дава критика

Ова се само дел од чекорите за ублажување на социо-економската криза која неминовно ја зафати и нашата земја. Она што е потребно, во овој момент, некои политички партии да сфатаат дека сме во криза од сериозни размери и дневно-политичките препукувања на никого не им одат во прилог, односно наместо само да даваат критика, треба да дадат и некакво решение како полесно да се надмине кризата.

Нашиот главен град своевремено беше прогласен за град на солидарноста. Да се погрижиме да ја зачуваме барем таа репутација имајќи предвид дека најтешкото допрва доаѓа! Време е за солидарност, не за партиски препукувања!

Дехран Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ