• Latest

Сопружници од Дебар позитивни на корона вирус, до 13 март без поголеми јавни собири

March 7, 2020

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Сопружници од Дебар позитивни на корона вирус, до 13 март без поголеми јавни собири

March 7, 2020 10:59
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Двајцата нови дијагностицирани пациенти позитивни на коронавирус се сопружници од село во близина на Дебар коишто во нашата земја пристигнале од Бреша, Северна Италија на 27 февруари. Нивната состојба е стабилна, имаат лесна клиничка слика, лесна форма на горно респираторна инфекција, односно на грип.  Во земјава допатувале со автобус со уште 40 патници, кои се идентификувани и ќе им бидат направени проверки.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера на прес-конференција рече дека пациентите ќе бидат пренесени со специјалниот транспорт на Здравствен дом Скопје на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби каде што дежурната екипа е спремна да ги пречека.
“По доаѓањето во земјава патниците немале никакви симптоми и за првпат со сосема лесни симптоми се јавиле 2 март, во понеделникот на матичниот лекар кој не препознал индикација да се направи тестот за коронавирусот, ги пратил на домашно лекување за да денеска се јават во болницата во Дебар каде што доаѓа инфектолог од Гостивар#, рече министерот за здравство.
Филипче информира дека после влезот на границата од автобусот патници се симнувале во Куманово, во Скопје и во Дебар. Преку Министерството за внатрешни работи веќе се најдени имињата, матичните броеви на сите 40 патници во автобусот којшто влегол на 27 февруари.
Епидемиолози со асистенција на припадници на Министерството за внатрешни работи денеска ќе направат интервјуа со патниците и согласно податоците коишто ќе ги дадат, согласно нивната здравствена состојба, анализа на контактите коишто тие ги имале, ќе бидат преземени соодветни мерки.

Состојбата пак на пациентка која е хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и чии резултати се покажаа како позитивни на вирусот на 26 февруари, е стабилна.

“Тестот на пациентката е негативен на коронавирус, што значи дека опаѓа нејзината инфективност, но согласно процедурата, истиот ќе биде повторен по 48 часа#, соопштија вчера од Министерството.

Владата по вчерашната седница излезе со препорака до 13 март да се ограничат јавните настани со гости од странство, да нема поголеми јавни собири, а спортските натпревари да се играат одржуваат без публика.

Согласно ситуацијата во Европа, ситуацијата во Италија, како и во другите подрачја со поголем број регистрирани случаи со коронавирусот, останува препораката на Владата за сите патници од овие региони, да го пријавуваат влегувањето во земјата и да ги известат здравствените и безбедносните власти на граничните премини доколку се сомневаат дека имаат симптоми кои можат да бидат последица на контакт со корона вирусот.

Со помош на мобилните оператори, како што информира министерот Филипче, сите странци кои доаѓаат во државава добиваат тестуална СМС порака во која стои дека доколку почувствуваат за време на престојот некакви симпотоми слични на грип треба да се јават на телефонот на Институтот за јавно здравје.  Тоа, како што додаде, е една дополнителна мерка со информации како на флаерот кој странците го добиваат или го сликаат на граничните премини.

И покрај новите два случаи позитивни на коронавирусот, според Филипче, нема простор ниту препорака да се преземат нови дополнителни мерки од оние што веќе се преземаат.

Тој го повтори апелот граѓаните да се придржуваат до мерката за одржување лична хигиена, темелно миење и дезинфекција на рацете, а воедно информираше дека дистрибуцијата на дезинфекциски средства низ училиштата веќе е почната.

Во врска со групата од 20-тина туристи од Сингапур и од Јапонија што преку Бугарија на граничниот премин Деве Баир требаше да пристигне во нашата земја, Филипче информира дека сите се во Скопје, оти биле интервјуирани и им биле земени детални анамнестички податоци.

“Поминати се повеќе денови од нивниот престој во Букурешт. Не постоеше ниту една индикација за да се преземе нешто во смисла на забрана. Сите се здрави и на сите им е направено интервју од страна на локалниот епидемиолог#, рече министерот за здравство.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ