• Latest

Состојбата во државата стабилна, без регистрирани сериозни безбедносни настани, оцени Спасовски на предновогодишната средба со новинарите

December 27, 2021

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА КОНТРОЛА НА ОРУЖЈЕТО

Состојбата во државата стабилна, без регистрирани сериозни безбедносни настани, оцени Спасовски на предновогодишната средба со новинарите

December 27, 2021 15:19
in ВЕСТИ, КОНТРОЛА НА ОРУЖЈЕТО, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Нови униформи, намалување на инкриминациите, зголемување на откриена корупција, целосно реконструирани 69 полициски објекти, спречување на недозволената трговија со дрога во кои активности  се пресечени 16 меѓународни транспорти на марихуана и хашиш, во вкупен износ од околу 1.600 килограми дрога се дел од спроведените активности на Министерството за внатрешни работи за кои денеска информираше министерот Оливер Спасовски на предновогодишната средба со новинарите.

Тој, безбедносната состојба во текот на целата 2021 година на подрачјето на државава ја оцени како стабилна и без регистрирани сериозни безбедносни настани. Спасовски нагласи дека во периодот јануари-ноември 2021година, од регистрирани околу 20 илјади кривични дела, реализирани се околу 12.500 дела за кои кривично се пријавени 15 илјади сторители, со што е постигната вкупна ефикасност од околу 62 процент.

Според министерот, полицијата во годинава која изминува бележи успеси и во областа на спречување на недозволената трговија со оружје, односно откриените кривични дела бележат зголемување за 23,4 отсто, а заплените на оружје, муниција и пиротехнички средства се зголемени повеќекратно.

Како резултат на засилените полициски  контроли, вели дека тенденција на намалување има и бројот на жртвите во сообраќајните несреќи, а според редовните контроли на МВР од почетокот на годинава до средината на овој месец на територија на Република Северна Македонија вкупно на технички преглед се упатени 2.354 автобуси, при што 404 од нив се санкционирани поради технички неисправности, како што се кочници, уреди за управување или дополнителна опрема.

Спасовски информираше дека забележано е намалување на илегалните преминувања во нашата држава од страна на мигрантите за 36,5 проценти, додека пак нагорен тренд забележан е на грчко-турската граница. Како резултат на ова, бројот на поднесени нови барања за азил е намален дури за 70 отсто.

Покрај покачувањето од 5 проценти на платата за полицајците, во 2022 година, министерот рече дека се обезбедени средства за бонус плата за остварени над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво во текот на 2021 година. Тој најави и дека наредната година ќе продолжат со градежни активности, односно реконструкција на објекти и целосна изградба на полициски станици, како и набавка на лабораториска опрема за новиот објект на Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења, кој ќе биде готов во 2022 година. Следната година, според Спасовски, еден од хеликоптерите на МВР, меѓу другото, ќе биде опремен и за гасење пожари.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ