• Latest

Совет на амбасадори: ЕУ треба да и гарантира на Северна Македонија дека нема да ги прифаќа новите предлози од бугарската страна

June 27, 2022
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Совет на амбасадори: ЕУ треба да и гарантира на Северна Македонија дека нема да ги прифаќа новите предлози од бугарската страна

June 27, 2022 09:04
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Советот на амбасадори, осврнувајќи се на постигнатите резултати од Самитот на Европската Унија,  смета дека е постигнат историски чекор со доделувањето на кандидатскиот статус на Украина и Молдавија како и отворените европски перспективи за Грузија. Меѓутоа во однос на аспирациите на Западен Балкан, повторен е несупехот од изминатите години. Северна Македонија и Албанија не добија датум за преговори, Србија и Црна Гора тапкаат во место, БиХ не доби кандидатски статус, додека Косово не доби визна либерализација.

Во однос на предложената преговарачка рамка од страна на Франција, Советот на амбасадори смета дека овој мултилатерален документ дава надежни основи за добивање на датумот за отпочнување на преговорите со ЕУ, но со неколку забелешки.

Билатералниот протокол, кој инаку не е потпишан од страна на претставниците на заедничката комисија, а  усвоен од страна на Собранието на Бугарија, не смее да остане во заклучоците на Европскиот совет, бидејки ќе и овозможи на Бугарија, постојано да се повикува на контраверзните делови на овој документ.

Советот уште еднаш подвлекува дека историските прашања не треба да бидат составен дел на Преговарачката рамка.

Што се однесува до најчуствителното прашање на идентитетот, а тоа е  јазикот, доколку Бугарија инсистира на непризнавањето на македонскиот јазик, треба јасно да се даде до знаење дека  граѓаните, политичките и државните институции на нашата држава ќе ја отфрлат таквата Преговарачка рамка. Инаку според  францускиот предлог јазикот на преведување на актите на Унијата е  македонски , и тоа  не може да биде предмет на преговори.

Советот на амбасадори смета дека „е ирационален и нереален е предлогот на Софија, како conditio sine qua non да се условува отворањето на Уставот заради внесувањето на самоосвестените Бугари од Северна Македонија во Преамбулата на Уставот пред отпочнувањето на преговорите“.

– Повеќе од јасно е дека во овој миг не постојат реални претпоставки за достигање на двотретинско мнозинство. Сметаме дека ова прашање треба да се реши при завршетокот на преговорите или во некој поволен моментум, се наведува во соопштението.

Советот смета  дека ЕУ треба да и гарантира на Северна Македонија дека нема да ги прифаќа останатите новонастанати предлози на бугарската страна оти таквиот потег би личел на игри без граници.

Советот на амбасадори  апелира до сите политички субјекти без оглед на нивната идеолошка припадност, во соработка со невладиниот сектор да направаат напори за создавање заеднички ставови во надворешната политика за прашања од државен интерес сè со цел земјата успешно да ги надмине пречките во нејзиниот пат кон полноправно членство во Унијата.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ