Советничката од Општина Куманово, Александра Тасиќ, која доаѓа од Демократската Партија на Србите во Македонија, која е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, сподели мапа на Голема Србија на нејзиниот Фејсбук профил.
Таа сподели објава на нејзин фејсбук пријател каде освен мапата има и статус: „Добро дојде дома Српска Спарта”, објавено веднаш по објавување на резултатите од изборите во Црна Гора, каде српската коалиција има пораст на бројот на претеници.
На мапата на Голема Србија се ставени Црна Гора, Косово, Боса и Херцеговина, а освен српското знаме поставено е и црногорското, со што постот алудира на Црна Гора.
Арбен Зеќири