Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе одржи состанок посветен на хуманитарната криза во Украина, пренесува информативната агенција МИА.
Консултациите се покренати од страна на Франција и Мексико, а се однесуваат на две резолуции за хуманитарната криза во Украина доставени на посебна седница на Генералното собрание на ОН на 24 март.
Во првата што ја составија Франција и Мексико се повикува Русија веднаш да ја запре својата специјална воена операција, додека другата што ја изготви Јужноафриканската Република се фокусира исклучиво на хуманитарни прашања, вклучувајќи испораки помош и отворање хуманитарни коридори.
Инаку, властите во Преториа засега одбиваат да ги осудат активностите на Москва, појаснувајќи дека осудата не придонесува на напорите да седнат двете страни на преговарачка маса.