Советот на јавни обвинители на денешната седница ги избра Марија Ѓоргева, Енѓелуша Кадриу – Леши, Ивана Трајчева и Валентина Бислимовска за нови обвинители на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, изјави претседателот на Советот, Коле Штериев.
Во ОЈО за организиран криминал од претходниот состав остануваат обвинителите Вилма Русковска, Наум Пановски и Сузана Мирчевска.
На четворица обвинители им истече претходно мандатот, по што тие се враќаат во обвинителствата од каде што дошле.
Извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.