• Latest

„Спас за Валандово“: Опасност за исчезнување на земјоделието и фармерството во валандовско!

April 18, 2017

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

„Спас за Валандово“: Опасност за исчезнување на земјоделието и фармерството во валандовско!

April 18, 2017 12:24
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По повод Меѓународниот ден на земјоделците, граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“, вчера со отворено писмо се обрати до своите поддржувачи, но и до сите засегнати граѓан(к)и од Валандово.

„Најголем дел од нашите сограѓани во валандовско се занимаваат со земјоделство, но иднината на земјоделците и фармерите е под голем знак прашалник, заради изградба на рударски комплекс во непосредна близина до нивните ниви, полиња и одгледувалишта на различни растенија и добиток. Ова значи опасност за исчезнување на земјоделието и фармерството од овој регион засекогаш!“, предупредуваат од граѓанската иницијатива.

Како што повторно потсетуваат од „Спас за Валандово“, последиците изградба на рударскиот комплекс за бакар би биле катастрофални.

„Загаден воздух, поради кој ќе имаме кисели дождови кои ќе ги наводнуваат полињата во нашиот регион, ќе имаме загадени и неконкуретни производи на пазарот… Ќе имаме загадени реки, каде рибарите го посветуваат своето време за да носат нешто за јадење во своите домови, каде сточарите гo напојуваат своjoт добиток“, се само дел од негативните последици кои се наведени во писмото.

„70% од населението живеат од земјоделие и фармерство, што ќе се случи со овие луѓе кога ќе почне работата во рудникот во Казандол? Што ќе се случи кога на нивите ќе почне да им вене производот во кој гледаат живот за нивните семејства? Што ќе се случи кога добитокот ќе се разболува и ќе почне да умира? Како ќе живеат тие луѓе, како ќе живееме ние во овој регион, коишто зависиме од земјоделие и фармерство?“, прашуваат од „Спас за Валандово“.

Граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ ( #СпасЗаВаландово #ИнформирајСе #АктивирајСе) започна кампања за зачувување на еколошки чистата Валандовска котлина, за разумно и транспарентно раполагање со нејзините ресурси и за запирање на сите активности околу работата на рударскиот комплекс за производство на катоден бакар.

М. Теговска

Tags: „Спас за Валандово“бакарграѓанска иницијативаКазандолрудник
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ