• Latest
д-р Александар Спасов/ фотографија Атанас Петровски, ЦИВИЛ

Спасов: Ќе имаме успешни реформи ако воспоставиме функционален правен систем и функционална правна држава

December 10, 2020
Тенеси, експлозија. Фото: Скриншот од видео на Би-Би-Си

Неколку луѓе загинаа а најмалку 12 се водат за исчезнати при експлозија во воена фабрика во САД

October 10, 2025

Мачадо: Нобеловата награда за мир е огромно признание за борбата за сите Венецуелци

October 10, 2025

ОЈО Битола поднесе жалба: Марковски треба да оди во затворски притвор, има имот во странство, може да побегне

October 10, 2025
Фото: генерирано со ChatGPT

„Slop“ – новиот збор на младите за ВИ содржини

October 10, 2025

Од недела почнува постепено воведување на новиот систем за контрола на надворешните граници на ЕУ

October 10, 2025

Граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет ќе се отвори на 14 октомври, соопшти Италија

October 10, 2025
Меѓународна конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, 8-10 октомври 2025, панел на вториот ден од конференцијата (фото: ЦИВИЛ)

Одбрана на демократијата: Боиште на вистината – Од увид до акција

October 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

October 10, 2025
Државен јавен обвинител, Љупчо Коцевски / фото: ЈО

Коцевски до Адвокатската комора: Дезинформации и недостоен публицитет околу случајот „Пулс“ во Кочани

October 10, 2025
Фото: амбасадорката Лариса Дир/Х

Рускиот напад на цивилната и енергетската инфраструктура не е само воено злосторство, туку и елемент на геноцид

October 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Спасов: Ќе имаме успешни реформи ако воспоставиме функционален правен систем и функционална правна држава

December 10, 2020 13:32
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
д-р Александар Спасов/ фотографија Атанас Петровски, ЦИВИЛ

д-р Александар Спасов/ фотографија Атанас Петровски, ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

„Како држава која е производ на антифашизмот имаме меѓунардодна обврска да ги промовираме човековите права и да потсетуваме на нивното значење“, истакна универзитетскиот професор Александар Спасов Конференцијата за човекови права, правда и антикорупција „Следна Станица: Европа“ во организација на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на човековите права.

Спасов додаде дека може да се каже дека ќе имаме успешни реформи ако воспоставиме функционален правен систем и ќе имаме функционална правна држава.

„Се користи една фоскула дека имаме проблем со корумпирани пооедницнци во судството, но дека системот функционира, мислам дека непрофесионалните се малцинство во однос на чесните и посветените, сепак имаме далеку поголем системски проблем од тие неколкумина“, додаде Спасов.

Спасов додаде дека поради непромислени и површни реформи во минатото, правосудството е претворено во спротивност и дека всушност имаме анти сиситем на правосудството.

Според него, негативен тренд е и правничкото образование и дека мора да постои државна стратегија.

„Имаме преку 20 правни факултети, тука дури и некој ќе се праша како успеале да акредитираат студии по право, почнувајќи од каде имаат кадровски потенцијал“, вели Спасов.

Спасов додаде дека деградацијата на правничкото образование се гледа и по постојаното смалување на студентите по право и додава дека интезивната партизација и приватизација на судството е последица со која не можеме да се правиме.

„Преку кадровско екипирање се покажува како клучна грешка во спроведување на која било реформа во судството. Законодавството често викаме дека имаме добри Закони кои не се спроведуваат, ама ние имаме и закони кои не се добри. Носењето на кроени законски решенија каде личниот или приватниот интерес се читаат од законот, се читаше личниот закон за кој е кроен, такви закони се уште имаме во правнит поредок, и страв ми е да не почне од друга група на луѓе да се спроведуваат“, додава Спасов.

Според него, проблем е правната пракса и дека немаме унифицирање на правна пракса.

„Прашање на правдата во Северна Македоиниаја не е фоскула за политички кампањи, на прашање за функционерите, ние како држава ќе станеме конечно или е ќе продолжиме да бидеме таму каде што сме, квалитетот на животот ги содржи правната држава, непостоење на правен систем е причина за напуштање на државата од младите и професионалните кадри на луѓе“, истакна Спасов.

Според Спасов, соработката со меѓународните партнери, особено странски фондации и партнерски држави мора да биде поактивно вклучена во реформите на нашата држава.

„Кај нас имаше доста идеи за странци обвинители или носители на функции, но дури и да немаме мора да се осигура начин да развојната помош која ни ја пружат да не заврши само со публикации, проекти или конференции, туку да има и реален ефект од оваа соработка“, додава Спасов.

„Верувам дека се можни реформи, но имам чувство дека се приближуваме до црвената линија после која ќе биде многу тешко да се убедат граѓаните дека заштитата на човековите права и демократијата се најдобрите облици. Довербата е многу ниска и тој оптимизам што се создаде со промената од пред неколу години треба конечно да биде искорисен и оправдан на граѓаните, поради политички проблеми и решавања на големи стратешки прашања изгубивме време и да не ја преминеме таа црвена линија, ние мораме час поскоро да направиме реформи кои ќе донесат видливи резултати“, додаде Спасов.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

    Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ