• Latest
д-р Александар Спасов/ фотографија Атанас Петровски, ЦИВИЛ

Спасов: Не може да имате демократски избори ако имате недемократски партии

June 23, 2020

24 ЧАСА: Европа го одбележува Денот на Победата; Според Штајнмаер, Путин ја искривува историјата и ги крие злосторствата; Вучиќ „му фрли ракавица“ на Брисел

May 8, 2025

Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

May 8, 2025

Дурмиши повторно предупредува: Доколку има енормно зголемување на цените на прехранбените производи ќе се преземат поригорозни мерки

May 8, 2025
Фото: Фејсбук на Апасиев / Левица

Парадата на победата во Москва ги разобличува руските инсталации

May 8, 2025

Одбрана на демократијата, препораки и политики: Градење меѓуполитички и општествени сојузи

May 8, 2025
Фотографија: Wikipedia

Штајнмаер: Со воената агресија на Путин, болно е да се признае дека ослободителите на Аушвиц станале новите агресори

May 8, 2025

Мерц им порача на САД да се држат настрана од германската политика пред првиот телефонски повик со Трамп

May 8, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали се чувствувате како Европјани?

May 8, 2025

Зголемени затворските казни за дел од обвинетите за случајот „Ласкарци“

May 8, 2025

Европа одбележува 80 години од победата над фашизмот

May 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Спасов: Не може да имате демократски избори ако имате недемократски партии

June 23, 2020 18:21
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ИНТЕРВЈУ
д-р Александар Спасов/ фотографија Атанас Петровски, ЦИВИЛ

д-р Александар Спасов/ фотографија Атанас Петровски, ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Од 2008 година па наваму скоро да немавме година без избори. Особено од 2013 година, со исклучок на 2015, секоја година ни е изборна. Од исклучителна важност,  во овој временски период се предвремените парламентарни избори во 2016, но со фокус на овие што сега не очекуваат на 15 јули.

Со д-р Александар Спасов, доцент на теоретски правни науки на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, поттикнати од неговата студија „Предвремени избори не се (секогаш) навремени избори“, објавена на ЦИВИЛ Медиа, зборувавме токму за значајноста на предвремените парламентарни избори, политичката позадина и потреба од истите, кои се последиците, но и придобивките од вака организирани избори.

Со д-р Спасов зборувавме и за оправданоста на овие предвремени парламентарни избори, што ќе се одржат на 15 јули, но и што е она што нè очекува понатаму во поглед на изборните реформи и водење една демократска политика.

ЦИВИЛ Медиа: Во вашата студија „Предвремени избори не се (секогаш) навремени избори“ зборувате токму за тоа колку ни беа потребни предвремени избори. Колку, како држава, имавме потреба од предвремени парламентарни избори, конкретно, во 2016 и денеска?

СПАСОВ: Изборите се почеток на секој демократски процес, се разбира тие не се крајот, но без слободни и фер избори не можеме да зборуваме за демократија. Изборите овозможуваат една многу важна карактеристика на демократскиот процес, а тоа е можност за менување на власта. Се разбира тоа не значи дека власта на секои избори мора да биде променета, но постои извесност, можност, во фер и слободна политичка борба да се промени власта согласно желбите или на граѓаните. Од друга страна, нашиот Устав предвидува ограничено време на траење на мандатите, особено кога зборуваме за парламентарните избори е определен на 4 години. Идејата со еден мандат којшто е во повеќе годишно траење е од една страна да се обезбеди стабилноста на поредокот и да се овозможи еден период во којшто парламентите и владите ќе функционираат, а од друга страна тој период да не биде предолг за да може да се тестира политичкото расположение на граѓаните, па доколку не се задоволни да можат да извршат политички промени.

Кај нас од 1990 година, од првите плурални парламентарни избори по крахот на еднопартискиот социјалистички систем, заклучно со 2006 година имавме редовни парламентарни избори. Иако времето не беше потполно стабилно. Прво имавме едно време на етаблирање на демократијата, во 19994 доживеавме и бојкот на изборите од тогашната опозиција, понатаму имавме една безбедносна криза во 2001, а потоа имавме еден период на имплементација на Охридскиот рамковен договор од 2002 до 2006 година.  А да не зборуваме и за економските и социјалните последици од транзицијата. Но, и покрај сѐ имавме редовни парламентарни избори на секои 4 години.

Од 2008 до 2020 ние практично немаме ниту едни редовни парламентарни избори. Мандатот постојано се крати, вообичаено од 2 до 3 години. Секои предвремени избори имаше различни образложенија. Во 2008 беше грчкото вето на Самитот на НАТО, но и притисокот од тогашната опозиција, условно помеѓу албанските партии, односно ДУИ да влезе во Владата наместо ДПА. Во 2012 причината беше ривалитетот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, односно релативното јакнење на тогашната опозиција под водство на Бранко Црвенковски. Во 2014 година беше желбата на власта на Груевски да го тестира, практично, новото раководство на СДСМ. Денеска, 2020 година, официјален повод за изборите беше недобивањето на очекуваниот датум за почеток на преговорите со ЕУ, во јуни, па потоа во октомври 2019 поради француското инсистирање и на нова методологија на преговорите, па изборите се одолжија подоцна поради состојбата со Ковид-19.

Ако ги разгледате сите овие избори, сигурно дека постоеле политички причини, но сите тие можеле да бидат избегнати и да имаме редовни избори. Можеби единствената ситуација од 2008 до денеска кога предвремени избори навистина беа единствениот избор за излез од политичка криза и беа оправдани беа предвремените парламентарни избори во 2016. Тогаш ситуацијата на ниту еден друг начин не можеше да се реши. Позади тие парламентарни избори има јасна политичка логика.

ЦИВИЛ Медиа: Вклучително и овие избори не беа потребни, со оглед дека со започната изборен процес и почеток на пандемијата, ние добивме почетен датум за преговори за членството во ЕУ…

СПАСОВ: Да, иако во октомври одлуката беше разочарувачка се дадоа јасни сигнали и од Европската комисија и Советот на ЕУ дека ќе дадат сѐ од себе за релативно брзо да се дефинира и усвои новата методологија и врз основа на неа да се даде датум за нашата држава и соседна Албанија за преговорите, како што впрочем и се случи на крајот на март. Значи, не беше тоа таква политичка криза, какво што негативно расположение се создаде во јавноста да не може да се разреши на ниту еден друг начин освен со организација на предвремени парламентарни избори.

д-р Александар Спасов

ЦИВИЛ Медиа: Може ли да се направи паралела меѓу двата изборни процеси, во смисла на правните и политички последици од една страна и бенефите од друга страна? 

СПАСОВ: Таква силна политичка логика како во 2016, за 2020, според мое лично убедување не постои. Но, постојат повеќе проблеми што се појавуваат при организација на секои предвремени избори. Освен, што според уставната норма постојано се крати мандатот на Парламентите и со тоа на Владите, има и други проблеми. Со еден проблем се соочивме за време на оваа епидемија со Ковид-19, кога имавме распуштено Собрание, а според ставот на Уставниот суд, за кои јас имам и лично свои забелешки, но тоа е став и како таков треба да се почитува, Собранието не можеше повторно да се состане. Се најдовме во ситуација со техничка Влада за спроведување на изборите и уште се наоѓаме и со Парламент што не може да се состане. Мораше буквално да се изнаоѓаат правни решенија за да можеме да функционираме. Да не заборавиме, штом еднаш се распуши Собрание, може да поминат и до четири месеци а ние да немаме функционален Парламент. Еве ова никој не можеше да го предвиди, но ова ни е добар пример, показна вежба, како тоа може да изгледа не дај боже ако настанат поголеми кризи што значи да се нема функционален Парламент.

Следна работа, за која некои сметаат дека не е толку важна, а јас сметам дека е исклучително важна поради демократската дебата се изборните програми на политичките партии. Кога се пишува една изборна програма таа се пишува за период од 4 години. Изборните програми не сме да бидат празни декларации. Тие имаат еден воведен политички дел, декларативен, но понатаму имаат конкретни активности и политики што политичките партии треба да ги реализираат доколку ја добијат довербата на граѓаните. Тие вообичаено се проектираат во траење од еден мандат. На овој начин, ние секогаш ќе им даваме можност на политичките партии да се извинуваат зошто не е реализирана нивната изборна програма, бидејќи немале време тоа да го сторат. Објективно и немале време, ако е планирано тоа да се стори за 4 години. И ова не е нешто малку важно, затоа што нереализацијата на изборните програми ги дискредитира демократските избори. Меѓу останатите фактори зошто се намалува излезноста на изборите и зошто е релативно мала довербата на граѓаните во политичките партии е токму непридржувањето до она што го имаат ветено во предизборието. И тука, граѓаните не се многу заинтересирани постојано да слушаат дека нешто не можело да се реализира затоа што немало време, бидејќи кога излегуваат да гласаат тие гласаат за еден пакет на политичка програма која што очекуваат дека во тој мандатен период ќе се реализира.

На тој начин, со постојани предвремени избори и со постојано прекинување на политиките кои треба да се спроведат и имплементираат во крајна мера се дискредитира демократскиот политички процес.

ЦИВИЛ Медиа: Што се случува со процесите предвидени со една изборна програма на една политичка партија што била на власт, а ја заменува друга партија?

СПАСОВ: Во поглед на некои конкретни работи како изградба на регионален пат или водовод, веројатно ќе се заврши, бидејќи никој нема интерес такво нешто да прекине. Изборните програми содржат нешто повеќе. На ниво на политики, со оглед на ниското ниво на демократска политичка култура кај нас, доаѓа до потполн дисконтинуитет. Меѓутоа една работа треба да сфатиме. Кај нас се создаде една заблуда дека изборната програма треба да се состои само од конкретни мерки. Се разбира, тоа е она видливо, опипливо, што го гледаат граѓаните. Но, тие мора да бидат дел од некаква политика. Таму имаме постојан дисконтинуитет. И ако земете дека мандатите се сведуваат на две до две и пол години, вие реално не можете да имплементирате ниту една политика од поголемите политики за која што сте ја добиле довербата. И на крајот сѐ се сведува на конкретни мерки, каде што се стигнало нешто да се почне и се остава да се заврши или почне оставено од претходната гарнитура.

ЦИВИЛ Медиа: Како се менуваше нашиот изборен модел? Кои се клучните реформи што треба да се направат?

СПАСОВ: Ние почнавме од еден класичен мнозински изборен модел. Со 120 изборни единици, 1990, 1994… Во 1998 година беше воведен мешовитиот модел. Мислам дека 80 пратеници се бираа со мешовит а 40 со пропорционален модел. Тоа требаше да даде некаков баланс, особено што во Парламентот се потребни и луѓе кои се силни на локално ниво, но и луѓе кои што можеби во една изборна единица не можат на тој начин да ја добијат поддршката на граѓаните, а се битни во Парламентот. Тешко дека еден интелектуалец, на пример, надвор од урбаните средини или тесниот круг на урбани средини, може на мнозински модел може да победи еден силен локален политичар. А и такви луѓе се потребни и тоа беше еден баланс што сакаше да се постигне. Во 2002 година се воведе пропорционален модел, но со 6 изборни единици. Потоа се воведоа пратениците од дијаспората, прво во три изборни единици со бирање на пратеник по мнозинскиот модел, па сето тоа се спои во една изборна единица со посебни услови за да се спречи избор на пратеници со неколку стотици гласови наспрема пратениците избрани во земјата за кои беа потребни неколку илјади гласови.

Во меѓувреме постоеја повеќе иницијативи за реформа на овој пропорционален модел. Нашиот пропорционален модел со затворени листи предност им дава на партиските раководства. Практично имате централизирано изработување на листите и намалување на самоиницијативност, па и на одговорноста на пратениците. Тоа се зависеше од нив лично затоа што на крајот на денот дали ќе бидат на листа или не зависи од одлуката на партиските раководства. Знаеме дека партиските раководства, особено кај нас, не се водат толку по заслуги, туку има и многу други критериуми.

Пропорционалниот модел е добар за мултиетнички општества поради репрезентација и на поголемите и на помалите. Мнозинскиот модел е тука лош затоа што за еден глас повеќе, паѓаат во вода останатите гласови. Но дефинитивно е потребна реформа на пропорционалниот модел. Прво треба да се направи отворање на листите. Можеби не целосно, бидејќи тоа, пак, бара висока политичка писменост на гласачите, што кај нас исто отсуствува. Можеби со воведување на преференцијални гласови за да може освен за листа да се гласа и за поединечни кандидати. Постоеја предлози да се намали бројот на изборни единици, што исто така треба да се има предвид. Тоа не значи дека нужно мора да биде една изборна единица. Но, можеби намалување на сегашниот број на изборни единици е важно имајќи предвид дека ние немаме попис од 2002 година. Ние всушност не знаеме колку луѓе живеат по изборни единици, тоа се податоци со кои што оперираме од пред 18 години, а знаеме со миграциите колку се промени демографската структура на нашата држава. Меѓутоа тоа е исто така врзано и со внатре партиско демократизирање. Потребни се редица на чекори во тие реформи на изборниот процес, но за да имаме вистинско демократизирање и успешна реформа мора да имаме и внатрешна реформа на партиите. Особено во процесот на избор и номинирање на кандидати. Кога ќе се спојат тие две работи тогаш можеме да очекуваме дека ќе имаме вистинска реформа. Во спротивно, ако се само прилагодува изборниот процес тоа може да се сведе само на козметички промени.

Не може да имате демократски избори ако имате недемократски партии. Едното со другото заедно не одат.

д-р Александар Спасов

ЦИВИЛ Медиа: Кога зборувате за козметички промени, дали такви беа и измените што се направија во Изборниот законик, во техничка смисла на зборот?

СПАСОВ: Тие техникалии беа нужни, затоа што се практични проблеми во работата на изборните органи, ДИК, ОИК… Тие не се неважни, но тие не се суштинска реформа на изборниот процес. Тоа е повеќе отстранување на технички недостатоци што пречат во работата на изборните органи, отколку суштинско менување на изборниот модел.

ЦИВИЛ Медиа: За сите овие проблеми, колку постои политичка волја и дали воопшто можеме да дојдеме до овие промени и реформи во изборниот модел и колку време би било потребно за тоа?

СПАСОВ: Засега мислам дека не постои голема политичка волја. Ние видовме дека почна една иницијатива од страна на дел од владејачката гарнитура. Генерално големите политичките партии се против затоа што се плашат од раситнување на политичките субјекти што претставува определена опасност и тоа не е добро. Затоа што тогаш немате демократија туку имате само превид на демократија. Објективно поголемите политички субјекти се поспособни да истераат некоја политика. Тие имаат поголеми внатрешни капацитети. Но, од друга страна, вака не можеме. Затоа што на овој начин ние не овозможуваме суштински демократски натпревар. Дефинитивно после овие парламентарни избори треба да се искористи период без парламентарни избори и да се размисли како ќе се реформира изборниот модел и на следните парламентарни избори ние да излеземе со еден суштински, а не само технички, реформиран изборен модел.

ЦИВИЛ Медиа: Сепак, можеме да се надеваме дека следните ќе бидат редовни парламентарни избори?

СПАСОВ: Па, ќе се надеваме дека ќе постои фер можност за натпревар идната власт и идната опозиција. А во период од 4 години идната опозиција ќе се подготви да ја предизвика власта, а идната власт ќе има еден нормален период од 4 години во којшто одговорно, но и релативно слободно ќе може да ја спроведе сопствената изборна програма за којашто добила мнозинска поддршка. Дали ќе имаме предвремени или редовни избори зависи и од опозицијата, но и од власта. Ако власта овозможи нормален живот на опозицијата, во опозиција, и нормални услови за политичка борба, тогаш на опозицијата и користи еден период од неколку години за да може да се подготви сериозно да ја предизвика власта.  Исто и опозицијата треба да има предвид дека на власта и треба подолг период за имплементација на изборната програма. Не може по два месеци да ја повика дека не ја имплементирале изборната програма.

Потребни се нормални политички односи за да имаме избори на секои 4 години и тоа е најдобро за државата, се разбира се надеваме дека ќе избегнеме такви политички кризи. Особено како онаа политичка криза од 2014, 2015 и 2016 година.

Биљана Јордановска

камера и фотографија: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети


Предвремените избори не се (секогаш) навремени избори

 

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share44Tweet28Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ