• Latest
Оливер Спасовски / фото: Б. Јордановска

Спасовски апелира граѓаните во изолација да ги почитуваат препораките, а тие што се враќаат во државата да подлегнат на карантин

March 23, 2020

Децата како изборен реквизит – политичка трка без срам и граници!

October 13, 2025
Меѓународна конференција Одбрана на демократијата - Воведен панел „Борбата на Украина – Иднината на Европа, нашата заедничка реалност: Лекции и следни чекори“(Фото ЦИИВЛ)

Меѓународна конференција на ЦИВИЛ во Скопје: Парламентарци и експерти од Европа и пошироко говорат за иднината на Европа и Украина

October 13, 2025
Креирано со помош на ВИ

Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

October 13, 2025
Фото: Х

Коалицијата на меѓународни организации за слобода на медиумите бара од Фон дер Лајен да ги претстави барањата за слобода на медиумите пред српските власти

October 13, 2025
Фото: zbruc.eu

Револуцијата на гранит: Првиот украински Мајдан и неговите лекции по 35 години

October 13, 2025

Се финализираат подготовките за Локалните избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

Венецијанската комисија го одложи усвојувањето на оценката на предлог- законот за правична застапеност во Северна Македонија

October 13, 2025

Косово, локални избори: Ниска излезност, втор круг во 17 општини – според Курти, во Митровица имало инженеринг и мешање во изборниот процес

October 13, 2025

АВМУ: Ноќеска на полноќ завршува објавувањето резултати од анкети за Локалните избори 2025

October 13, 2025
Војо Маневски

Граѓаните прашуваат ли нешто?

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Спасовски апелира граѓаните во изолација да ги почитуваат препораките, а тие што се враќаат во државата да подлегнат на карантин

March 23, 2020 21:16
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Оливер Спасовски / фото: Б. Јордановска

Оливер Спасовски / фото: Б. Јордановска

Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Оливер Спасовски вечерва упати апел лицата кои се обврзале со изјавa за самоизолацијата, како и оние со решенија од Државниот санитарен и здравствен инспекторат да ги почитуваат мерките и препораките на Владата, а до нашите граѓани кои се наоѓаат надвор од државата дека ќе помогнат ако не се враќат сега во земјава.

-Укажувањата превентивните мерки што ги презема Владата во справувањето со вирусот беа многу порано од сите држави во опкружувањето па дури и пошиорко. Дури имавме превентивни мерки  поголеми од Италија. Во тие моменти кога наши граѓани се враќаа од Италија веќе на нашиот аеродром и на влезот на границата имаше преземање на превентивни мерки. Дека има луѓе кои не ги почитуваат тие мерки, да има, и затоа ние воведувавме можност следење на луѓето кои се во самоизолација по потпишувањето на изјава дека ќе останат во самоизолација или пак оние што биле во директен контакт  со одредени кластери кои се носители на вирусот тие имаат издадено решение од Санитарниот здравствен инспекторат дека треба да бидат 14 дена во  самоизолација. Сепак, тука имаме состојба во која што одредени лица не почитуваат, за нив се водат и кривични постапки, рече Спасовски во интервју за ТВ 24.

Тој укажа дека во многу од градовите каде што лица не почитуваат самоизолација беа известени органите и врз основа на тоа се покренати кривични постапки, дури се казнети одредени лица бидејќи и тука нема дилема дека тоа мора да се почитува.

-Ги повикувам  граѓаните, за лица кои знаат дека не се во самоизолација, а треба да бидат, веднаш да ги известат надлежните  органи и на тој начин помагаат, рече Спасовски.

Во однос на нашите државјани затекнати во странство, а кои сакаат да се вратат назад во земјава, единствен граничен премин што функционира  за излез и влез во РСМ е Деве Баир и таму се поставени  службите. Оние коиш доаѓаат  од стрнаство се носат директно во државен карантин на локации кои се определени за таа цел и за тоа има посебно формирано тело.

-Нема отстапки за тие луѓе. Има состојба во која се најавува дека ќе пристигнат лица во државава, се пријавуваат преку МНР, на крајот  кога ќе се организира превозот трансферот не доаѓаат заради тоа што има карантин. Јас апелирам до тие граѓани кои се наоѓаат надвор од земјата –  ќе помогнат ако не се враќаат сега во државата. Да си останат таму каде што се подобро за нив и за нивното здравје, подобро е и да се намали ризикот во  РСМ, а во опкружувањето сега нема никаде слободна граница на која можете  толку лесно да преминете.  И затоа, со недоаѓањето можете да покажете  одговорност во овој дел. Јас имам навистина разбирање за луѓето кои се заминати  деловно за работа или пак од некоја друга причина, а се затекнати на некој аеродорм, на некоја  граница, тука реагираме што е можно побрзо тие луѓе да ги вратиме назад, но сите мора да одат во карантин, рече Спасовски.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Семејни пат’ридии

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ