• Latest

Спасовски: Борбата против организираниот криминал и корупција ќе биде фокусот на сите активности на МВР

June 6, 2019
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025

Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Спасовски: Борбата против организираниот криминал и корупција ќе биде фокусот на сите активности на МВР

June 6, 2019 16:08
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на Форумот „Две години Влада – Одговорно пред граѓаните“, изјави дека кога некој од страна ги набљудува просеците, можеби периодот од две години изгледа како долг период, но доколку сте во позицијата да ги движите просеците, според него, тогаш можеби и две години се краток период за она што треба да биде постигнато.

„Состојбата која ја затекнавме пред две години, во областа на безбедноста и внатрешните работи, сама по себе ги наметна приоритетите по кои работевме изминатите две години. Целта на спроведените и тековните реформи беше и е да ја вратиме довербата во институциите, но и да ги ослободиме институциите и граѓаните од спрегите на полициската држава. Одлуката која ја донесовме на почетокот на мандатот на оваа влада, а денес веќе е спроведена, е инстументите и механизмите кои ни стојат на располагање на извршување на нашите надлежности, да се користат исклучиво и единствено за целите на безбедноста и сигурноста на граѓаните во државата“, изјави Спасовски.

Спасовски додаде дека следен чекор кој е особено значаен е реформата на безбедносно разузнавачките служби, особено на Управата за безбедност и контрараздознавање.

„Процесот на подготвување на законите траеше повеќе од шест месеци и се спроведе во транспарентен процес, кој имаше за цел да ги отвори сите дилеми и стравувања поради кои овие служби во минатото беа злоупотребувани и нивниот углед беше срушен. Законската рамка за овие служби во Европската унија е различна и сложена и покрај обидите за транспарентност поради што и многу од сегментите на работењето службите останува нерегулирано со закон. Но, со новиот закон за Агенцијата за национална безбедност се регулираат сите сиви зони кои можат да претставуваат можност за злоупотреба“, додаде Спасовски.

Според министерот, обезбедување на законско, одговорно и професионално работење, воспоставување на систем на одговорност, оттчетност и идентификување на индивидуалната одговорност во ланецот на одговорности, особено од аспектот на заштита на човековите права и слободи, од една страна и јавниот интерес, од друга страна секако е во рацете на контролата и надзорот.

„Изминативе две години работевме и на сузбивање на појавата која индиректно претставува закана за безбедноста на државата, а тоа е организираниот криминал и корупцијата. Последиците од дејствувањата на криминалните групи се негативни за економскиот развој, но и за безбедноста  поради поврзување на криминалните групи со терористички дејствија. Современите текови во општеството создаваат предуслови за раст на организираниот криминал и корупција и токму затоа бара од владите да преземаат решителни мерки за нивно созбивање. Во одделот на сузбивање на организираниот криминал и криминал беа донесени оперативни процедури согласно кои се  приоритетизираат предметите со цел ефикасно работење“, изјави Спасовски.

Спасовски додаде дека во периодот септември 2018 до март 2019 година, Одделот за сериозен и организиран криминал постигнал забележителни резултати при сузбивање на организирани криминални групи во областа на недозволената трговија со дрога, криумчарење на мигранти и економски криминал.

„Мотивирани од потребата од имплементирање на највисоките европски стандарди, кои ќе обезбедат спроведување на неселективната борба против облици на облици на организиран криминал, го востановивме Националниот кординативен  центар за борба против организиран криминал, кој има цел да ја олесни размената на информации и податоци помеѓу институции кои партиципираат во неговото работење, а со тоа ги идентификуваат во раната фаза и евентуално преклопување на работата на институциите, се со цел да бидат ефикасни“, изјави Спасовски.

Спасовски на крајот додаде дека во периодот кој следи, борбата против организираниот криминал и корупција, ќе бидат во фокусот на сите активности на МВР и институциите со кои имаат поделени надлежности.

Втората сесија на Форумот „Агенда 2019-2020: Фокусот на Владата до крајот на мандатот“ ја модерираше Џабир Дерала, ЦИВИЛ, а учествуваа премиерот Заев, Томислав Кежаровски, новинар, Беса Арифи, универзитетска професорка, Таки Фити, претседател на МАНУ, Љатифа Шиковска, граѓанска активистка, Уранија Пировска, директорка на Хелсиншки комитет за човекови права, Коста Петров, претприемач и Антонио Аргир, претседател на Управен одбор на НЛБ Банка.

Ангела Петровска
Камера: Атанас Петровски
Монтажа и фотографија: Биљана Јордановска

Share81Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ