• Latest

Спасовски – Гир: Посветени сме кон успешно организирање на министерскиот форум за правда и внатрешни работи во Скопје

October 5, 2023

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Спасовски – Гир: Посветени сме кон успешно организирање на министерскиот форум за правда и внатрешни работи во Скопје

October 5, 2023 14:54
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и државната секретарка Магдалена Несторовска, денеска оствариле работна средба со амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир, како и новиот заменик шеф на Делегацијата на ЕУ во земјава, Бен Нупнау.

Во оваа прилика министерот Спасовски изразил благодарност до амбасадорот Гир за поддршката и одличната соработка на МВР и Делегацијата на Европската Унија во голем број заеднички проекти, како и за можноста на денешнава средба да поразговараат за повеќе прашања од заеднички интерес.

– На средбата меѓу другото стана збор и за коорганизацијата на МВР на Република Северна Македонија и МВР на Кралството Шпанија на претстојната Конференција на министри за правда и внатрешни работи ЕУ-Западен Балкан која во периодот 26 и 27 октомври се одржува во Скопје, а министерот Спасовски ја истакна посветеноста кон организирањето на Форумот, по втор пат во нашава земја притоа информирајќи го амбасадорот Гир дека се преземени сите неопходни активности во насока на успешна организација на овој убав настан  од огромно значење за граѓаните и за Република Северна Македонија, соопштија денеска од МВР.

Спасовски и Гир разговарале и за актуелни теми, меѓу кои и за претстојните избори, а во насока на заштита од сајбер напади. Притоа, министерот Спасовски истакнал дека тоа е предизвик за сите институции, за Државната изборна комисија, а од аспект на МВР во Одделот за спречување компјутерски криминал, постои 24-часовна екипа која работи на заштитата од напади од ваков тип. Тој информирал и за зголемената меѓуинституционална координација, односно за формирано координативно тело на ниво на Владата, како и тоа дека со НАТО скринингот веќе се познати слабите точки.

На средбата двајцата соговорници заклучиле дека отворањето на Форензичката Лабораторија на МВР со средства од ИПА фондовите на ЕУ ќе биде од огромно значење за државата и регионов, при што министерот Спасовски информирал дека веќе е добиена употребната дозвола и објектот се опремува, а лично тој  очекува во најкраток можен рок да биде и официјално отворен и пуштен во функција.

Tags: ГирМВРСпасовски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ