Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со објава на својот фејсбук-профил информира дека денеска е исплатена бонус плата за 2018 година. Тој посочува дека ова право го оствариле 1881 вработен во МВР.
– Денеска е исплатена бонус плата за 2018 година, право кое го оствариле 1881 вработен во МВР. Вкупно се платени 50.736.213 денари, а поединечен износ на бонусот изнесува 24.276 денари, напиша Спасовски на Фејсбук.