• Latest

Спасовски: На местата на некогашните загадувачи, градиме капацитети за производство на чиста, зелена енергија

February 12, 2020
REAKCII VODA

РЕАКЦИИ: Недостиг на вода и во град и во село – сите ја делат истата мака

July 9, 2025

24 ЧАСА: Извештајот на ЕП усвоен без македонски идентитет и јазик, Мицкоски вели – остануваме горди; Еден повреден, нападнати новинари, приведен газдата на опожарениот отпад во Визбегово, Русија со масовен напад врз Украина по критиките на Трамп кон Путин

July 9, 2025

Во Крива Паланка три пожари, поради ветерот постои опасност да се приближат кон домовите на жителите на населбата Лозаново

July 9, 2025
Фотографија: Wikipedia

Литванија и Финска тргнуваат во масовно производство на мини

July 9, 2025
фото: Влада

Започна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција во вредност од околу 60 милиони евра, Мицкоски вели – стануваме значајна енергетска крстосница

July 9, 2025
фото: МВР

Целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце поради пожар

July 9, 2025
Фото: ЗНМ

Физички нападната новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово, ЗНМ со остра осуда

July 9, 2025
Фотографија: Скришот од Би-би-си

Цената на ретките земни метали што светот ги купува од Кина: Загадена вода, контаминирана почва и загрозени животи

July 9, 2025

Без македонски идентитет и јазик, ЕП го усвои Извештајот на Вајц за Северна Македонија

July 9, 2025

Вајц: Северна Македонија лидер во регионот, за жал, бугарски европратеници го искористија Извештајот за внатрешни потреби

July 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Спасовски: На местата на некогашните загадувачи, градиме капацитети за производство на чиста, зелена енергија

February 12, 2020 14:50
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Премиерот Оливер Спасовски денеска во присуство на министерот за економија, Крешник Бектеши и генералниот директор на Електрани на Северна Македонија, Васко Ковачевски, ја најави изградбата на новата соларна централа на просторот на некогашниот рудник за јаглен ТЕЦ Осломеј, која ќе испорачува електрична енергија за 20.000 семејства. Инвестицијата, која е конципирана како две електрани од по 50 мегавати, ќе биде по принципот на јавно-приватно партнерство во која АД ЕСМ ќе биде јавниот партнер.
„Распишувањето на повикот за јавно приватно партнерство за изградба на соларна електрична централа, со моќност од 100 мегавати, е досега најзначајниот капацитет и наш придонес кон транзицијата кон еколошки чисти и без карбонски енергетски капацитети. Работите се во тек и во текот на втората половина на оваа година, оваа централа ќе започне со производство на струја што ќе ги задоволи потребите на 2000 домаќинства“, нагласи премиерот Спасовски.

Премиерот подвлече дека Република Северна Македонија минатата година беше прогласена за лидер во енергетиката и дека намерата на Владата, заедно со сите значајни партнери во оваа успешна приказна, како што се АД Електрани на Северна Македонија, АД МЕПСО и другите, е да остане на таа позиција и во идниот период.
„Наша цел е да ја направиме нашата држава една од оние европски земји кои од доминантно застапените фосилни енергенси, се пренасочија кон енергетски капацитети кои ќе го користат сонцето, ветерот и водата. На местата кои некогаш беа извори на загадување, денеска никнуваат капацитети за производство на чиста, зелена енергија“,  подвлече Спасовски.
Министерот за Економија Крешник Бектеши истакна дека со Законот за енергетика Владата воведува нов концепт за поддршка на политиките за инвестирање во обновливи извори на енергија преку премии, а воедно и преку јавно приватно партнерство.
„До пред две и пол години имавме производство на соларна електрична енергија од само 20 мегавати, а сега, ќе имаме инсталирана снага од речиси 200 мегавати.  Ги повикам сите домашни и странски инвеститори да го разгледаат јавниот повик и да учествуваат на повикот за изградба на оваа голема фотонапонска централа“, рече Бектеши.
Директорот на Електрани на Северна Македонија, Васко Ковачевски информираше дека новата домашна инвестиција ќе се гради во кругот на РЕК Осломеј во Кичево.
„Јавниот повик кој е распишан вчера и ќе трае до 8 мај, ги повикува сите фирми заинтересирани да градат ваков голем капацитет од сферата на обновливите извори на енергија. Нашата нова инвестиција, која всушност е конципирана како две електрани од по 50 мегавати, ќе биде по принципот на јавно-приватно партнерство, во која АД ЕСМ ќе биде јавниот партнер“, подвлече Ковачевски.
Градбата на електраните ќе биде целосно инвестиција на приватниот партнер, а проценката е дека нивната изградба ќе чини некаде до 80 милиони евра.
„Договорот за јавно приватно партнерство би бил во траење од 35 години, по што приватниот партнер е обврзан да го пренесе правото на сопственост на  фотонапонските електрани и да му ги предаде во фактичко владение на јавниот партнер – АД ЕСМ, во исправна оперативна и погонска состојба“, истакна Ковачевски.
Директорот на АД ЕСМ најави дека на инвеститорот му ја отстапуваат локацијата, и други системски услуги и информации. За возврат, приватниот инвеститор ќе му исплаќа на ЕСМ годишно сума во висина од 10% од продадената електрична енергија по продажна цена според регионалната берза Хупекс.
Значаен дел од договорот ќе биде и тоа што приватниот инвеститор ќе треба да преземе 100 вработени од РЕК Осломеј, со што се решава и уште еден голем проблем во делот на термоелектраната, се вели во соопштението од Владата на РСМ.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ЗНМ

    Физички нападната новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово, ЗНМ со остра осуда

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Канта за смет

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Потресни сведоштва од Сребреница: Објавени снимки од првите сведоци на геноцидот

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Без македонски идентитет и јазик, ЕП го усвои Извештајот на Вајц за Северна Македонија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ