• Latest

Спасовски: Неприкосновеноста на човековата слобода, забрана за секаков облик на мачење, нечовечко или понижувачко однесување и казнување од суштинска важност за МВР

September 29, 2021

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Спасовски: Неприкосновеноста на човековата слобода, забрана за секаков облик на мачење, нечовечко или понижувачко однесување и казнување од суштинска важност за МВР

September 29, 2021 14:51
in ВЕСТИ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска во Скопје , на настанот по повод завршувањето на проектот „Елиминација на мачењето и нечовечкото постапување во затворите и во установите за лишување од слобода“, што го реализираат Македонското здружение на млади правници и Хелсиншкиот комитет за човекови права, свое обраќање имаше министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Во обраќањето, тој се осврна на полициските постапувања, пред сѐ од аспект на заштитата на човековите права и слободи, не само како меѓународно нормирани правни стандарди туку и, примарно, како темелни уставни вредности на сите демократски општества, сѐ уште претставуваат подрачје на посебен јавен и институционален интерес. Дури се чини дека денес тоа е уште повеќе изразено од порано, дотолку повеќе што светот пред себе има нови и сериозни глобални предизвици што подеднакво ги засегаат сите.

Но, настрана тој факт, кога говориме за заштитата на индивидуалните права и слободи, особено низ призмата на – неприкосновеноста на физичкиот и морален интегритет на човекот, на човековата слобода, како и резолутната забрана за секаков облик на мачење, нечовечко или понижувачко однесување и казнување – како фундаментални уставно дефинирани принципи, и наспроти нив полициските постапувања, треба јасно да кажеме дека и претходно,  а особено изминативе години за нас, како Министерство за внатрешни работи, од суштинска важност е тие постапувања да се исклучиво во функција и во сообразност со заштитата на човековите права и слободи.

Се разбира, од аспект на работењето на МВР, тоа е сложен и прилично сензибилен процес, мотивиран токму од потребата за стандардно-вредносна хармонизација на тие два концепта кои што никако не треба да се исклучуваат еден со друг, туку напротив, да се надоградуваат и преплетуваат. Уште повеќе што заштитата на човековите права и слободи претставува сама по себе дел од безбедносните сегменти на едно општество.

Спасовски нотираше дека иако има уште отворени цели за достигнување, МВР во изминатиот период направи сериозни и мерливи напори и презеде активности, не само во поглед на почитување на принципите што го сочинуваат корпусот на човекови права и слободи, туку и за нивна конкретна заштита во доменот на полициското постапување.

Практично, и во организациски и во оперативен смисла, полицијата демонстрираше подготвеност и волја да се заложи за подинамично и квалитетно имплементирање на сите сугестии, стандарди и процедури во насока на етаблирање на заштитата на човековите права и во сите нејзини сегменти, вклучително и во фазите на работа со задржаните лица, од моментот кога некое лице е приведено, лишено од слобода, односно задржано во полициска станица, со наредба издадена од суд или без наредба, па сѐ до моментот на негово предавање пред надлежен суд, односно негово ослободување од полициската станица.

Покрај низата проекти во кои што полицијата активно учествуваше, заедно со нашите партнери од ЕУ, од Советот на Европа, од ОБСЕ – МВР во 2018 година ја ревидираше, односно надогради и Стандардната оперативна процедура за полициско постапување, во заеднички интерес и на припадниците на полицијата во целост, но и на граѓаните за кои постојат основи за нивно приведување, лишување од слобода и задржување во полициска станица.

Впрочем и денешниов настан, односно завршувањето на проектот „Елиминација на мачењето и нечовечкото постапување во затворите и во установите за лишување од слобода“, во чија што реализација крајно транспарентно и одговорно партиципираше МВР, преку својот Оддел за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, јасно говори за нашата решеност да истраеме во реформското трансформирање на полицијата како реален и кредибилен сервис на сите граѓани.

Неспорно е дека во остварувањето на овие цели ни се потребни поддршка, помош и соработка. Дотолку повеќе што проблематиката на човековите права и слободи е еден динамичен концепт којшто бара постојаност во ангажманот, посветеност, познавање и следење на материјата, но и нејзина практична примена и проверка во секојдневјето. Во основа, природата на полициското работење е нераскинливо поврзана со концептот на човекови права и слободи, а полициските службеници секојдневно се соочуваат со ситуации во кои од примарно значење е познавањето на нормите и процедурите, пред сé од аспект на примена на полициските овластувања.

Во таа смисла, МВР останува целосно отворено и подготвено за секаква форма на соработка што би донела нови позитивни исчекори во посакуваниот правец. Овој настан денес е значаен и конкретен пример за таквото партнерство и јас сум повеќе од сигурен дека проектот што го реализираат Македонското здружение на млади правници и Хелсиншкиот комитет за човекови права, како и резултатите и согледувањата од него, ќе дадат нов импут во заедничкиот јавен интерес за етаблирање и надградување на демократските стандарди и вредности во нашето општество.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ