• Latest

Спасовски – Нешиќ: Зајакнување на соработката во делот на размена на информации за компјутерски криминал, илегална миграција и перење пари и корупција

March 12, 2023
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски – Нешиќ: Зајакнување на соработката во делот на размена на информации за компјутерски криминал, илегална миграција и перење пари и корупција

March 12, 2023 14:51
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со делегација на Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина, предводена од министерот Ненад Нешиќ на која во фокусот беше унапредувањето на меѓусебната соработка и продлабочување на пријателските врски меѓу двете министерства.

-Особено ми е драго што можам да констатирам дека односите меѓу нашите две земји и регионалната соработка се на едно исклучително високо ниво. Нашата досегашна одлична соработка како на политичко, така и  на оперативно ниво, се темели на веќе потпишаните договори меѓу владите на нашите две земји за заемно признавање и замена на возачки дозволи, соработка во борбата против тероризмот, организираниот криминал, нелегалната трговија со наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори, нелегалната миграција како и преземање на лица со незаконски престој, кои несомнено се од големо значење за Република Северна Македонија и за Босна и Херцеговина, нагласи Спасовски на заедничката прес-конференција, пренесува МИА.

Спасовски додаде дека на средбата посебно се осврнале на зајакнување и унапредување на досегашната соработка во делот на размена на информации меѓу двете служби на теми од заеднички интерес како што се кривични дела поврзани со илегалната миграција, трговијата со дрога и оружје, компјутерски криминал, криминал поврзан со перење пари и корупција, како и активно вклучување во решавање по итни барања доставени од страна на двете држави.

– Соработката меѓу двете држави во најголем дел се одвива преку национални централни бироа, но и преку  учество на заеднички состаноци и договарање активности за унапредување на соработката. Го информирав колегата Нешиќ за операционализацијата на Договорот помеѓу ЕУ и Република Северна Македонија за оперативна соработка во управувањето со границите со Европската агенција за гранична и крајбрежна стража – ФРОНТЕКС, дека досега се реализирани две посети на делегации од ФРОНТЕКС, при што истовремено се работи на документите за оперативниот план, а воедно се работи и на логистичката поставеност. Доколку сѐ оди по планот, се очекува соработката во рамки на Договорот да се операционализира од 19 април, годинава, со што дополнително ќе се зајакне соработката помеѓу ЕУ и Република Северна Македонија во однос на миграцијата и управувањето со границите, истакна Спасовски.

Нешиќ, меѓу другото, посочи дека Европската Унија е иднината на Босна и Херцеговина и на Република Северна Македонија. Министерот изрази надеж за понатамошна соработка меѓу двете земји.

Босанскиот министер за бзбедност Нешиќ утре ќе присуствува на свеченоста по повод Денот на Специјалната антитерористичка единица ТИГАР.

 

Tags: Нешиќработна посетасоработкаСпасовски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ