• Latest

Спасовски: Очекуваме во наредниот период да се потпише договор со ФРОНТЕКС

July 19, 2022
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Спасовски: Очекуваме во наредниот период да се потпише договор со ФРОНТЕКС

July 19, 2022 10:48
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук објави дека денеска, како дел од владината делегација во Брисел присуствувал на историски настан за нашата држава – првата Меѓувладина конференција со ЕУ со што се отвора процесот на прием на Северна Македонија и нејзините граѓани во големото европско семејство, Европската Унија, како наша децениска стратешка цел.

– Претседателката на Европската Комисија, Урсула вон дер Лајен утрово посочи дека нашата држава набрзо ќе преговара со ЕУ за ФРОНТЕКС, спогодба за соработка на граничните полиции, што ќе ја зацврсти соработката за миграцијата. Ние, како Министерство за внатрешни работи сме подготвени и очекуваме во наредниот период да се потпише Договорот со ФРОНТЕКС, којшто заедно со еврокомесарот за миграции, Димитрис Аврамопулос, по повеќемесечни преговори го парафиравме во 2018 година како резултат на посветеноста на институцијата за справување со илегалната миграција. Откако договорот ќе стапи на сила, тимовите на ФРОНТЕКС со извршни овластувања ќе можат да вршат гранични контроли на граничните премини заедно со националните сили, објави Спасовски.

Како Влада, напиша тој, направивме се’ во изминатите години за придвижување на европската агенда на земјата и ја вративме земјата на патот кон ЕУ.

– Со храбри и мудри одлуки решивме непремостливи предизвици кои на сите им се чинеа како невозможна мисија и ги затворивме отворените билатерални прашања. Притоа, како држава не отстапуваме од европскиот курс, од реформите и градењето на добрососедските односи и регионалната соработка. Остануваме посветени на имплементацијата на направените реформски процеси и постигнатите договори.

Создадовме Едно општество за сите водени токму од мотото на Унијата, „Обединети во различностите”, ги афирмираме и промовираме особеностите и различностите на сите етнички заедници кои се дел од мозаикот на Северна Македонија. Сега како партнери заеднички ќе придонесуваме кон просперитетот на сите граѓани, да делуваме по заканите по мирот, стабилноста и безбедноста на континентот.
Нека ни е среќен почетокот на пристапните преговори за наше полноправно членство во Европската Унија, пишува на фејбук министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ