• Latest

Спасовски од Преспа Форумот за дијалог во Струга: Меѓународната соработка е клучна во управувањето со миграциите

June 15, 2023
Фото: НАТО

НАТО го засилува надзорот над Црното Море по нападите врз трговски бродови

October 21, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија пред избори: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Светските цени на храната во пораст: Ризик од нов бран поскапувања во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Дерала за тие што работат за Трамп: Пристоен човек никогаш не би прифатил да работи за овој претседател

October 21, 2026

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
Албанија, судири со полицијата, октомври 2026 (скриншот од видео на globalnews.ca)

Протести низ Европа: Како Кремљ ги користи општествените тензии за хибридно влијание во Европа?

October 20, 2026
Олександар Левченко

Дизел договорот на Трамп со Путин: Економски отстапки за Москва и стратешки ризици за Украина

October 20, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Спасовски од Преспа Форумот за дијалог во Струга: Меѓународната соработка е клучна во управувањето со миграциите

June 15, 2023 12:32
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска, во Струга, во рамки на Преспа Форумот за дијалог, во организација на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски беше домаќин на панел сесија „Управување со миграциите на релација ЕУ – Западен Балкан: солидарност и споделени обврски”, на која специјален гостин беше директорката на Меѓународната организација за миграции (ИОМ), Ејми Поуп, а свое учество како говорници земаа министерот без ресор на Црна Гора, Зоран Миљаниќ, министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Ненад Нешиќ, Јоханес Вагнер, директорот на МАРРИ, Сашко Коцев, началник на Оддел во Генерален директорат за миграции и внатрешни работи на Европската Унија, Павел Бусиакиевич, национален грасрут организатор на најголемото ромско движење во Северна Македонија, Аваја, Селвије Мустафи.

Во своето воведно обраќање пред присутните, министерот Спасовски осврнувајќи се на западно-балканската миграциска рута во која припаѓа и Република Северна Македонија, рече:

„За Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија од суштинска важност беше потпишувањето на Договорот за статус помеѓу Европската Унија и Република Северна Македонија за акции спроведени од страна на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража, и се надевам дека во текот на наредниот период, заеднички ќе ги констатираме придобивките од потпишаниот договор и неговото значење за контрола на миграциските текови, обезбедувањето на надворешните граници на ЕУ и безбедноста на границите во регионот на Западен Балкан”, истакна министерот Спасовски, додавајќи дека клучна активност во управување со миграции е меѓународната соработка.

„Клучна активност на нашиот пат натаму во одржливото управување со миграциите во Западен Балкан претставува напредокот во реализирање на меѓународната прекугранична соработка, зацврстена меѓународна доверба, зголемена размена на информации, која е најдобар доказ за нашата подготвеност да го направиме безбедносниот амбиент уште поповолен, а со тоа и напредокот во европските интеграции уште побрз. Само европски одговор, кој ќе ги вклучува и земјите кои географски и природно припаѓаат на Европа, искористувајќи го потенцијалот на легалната миграција и намалувајќи ја илегалната миграција, осигурувајќи безбедни и контролирани граници, но и хуман и ефективен пристап”, нагласи министерот Спасовски на крајот од своето обраќање. Притоа, тој ја изрази благодарноста на министрите и претставниците на меѓународни и регионални организации за присуството, како и за посветеноста во управувањето со миграциите.

Изразувајќи ја честа да присуствува како специјален гостин на сесијата „Управување со миграцијата на релација ЕУ-Западен Балкан: солидарност и споделени обврски“, директорката на ИОМ, Ејми Поуп, истакна:

„Миграцијата е извор на просперитет, иновации и одржлив развој. ИОМ ќе продолжи да го поддржува Западен Балкан во промовирање сеопфатни, одржливи и ориентирани кон решенија пристапи за ефикасно управување со миграцијата и искористување на нејзиниот развоен потенцијал”, рече директорката Поуп.

Министерот без ресор на Црна Гора, Зоран Миљаниќ ги потврди заложбите за зајакнување на капацитетите на државните граници. Притоа, тој рече: „Ја бараме поддршката на ЕУ во областите на миграција и азил. Ги зајакнуваме капацитетите на државните граници”.

Министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Ненад Нешиќ, упати порака пред присутните на сесијата: „Прашањето со миграција е во заедничката одговорност на сите земји од Западен Балкан и земјите од Европската Унија. Тоа нè води кон континуирана надградба на веќе постоечката соработка и солидарност, а сè со цел навремен одговор на потенцијално нови миграциски притисоци”, порача министерот Нешиќ.

Австрискиот амбасадор Јоханес Ајгнер ја истакна исклучителната важност од регионална соработка како придонес во справување со миграциите. „Земјите од Западен Балкан ја имаат целосната поддршка во однос на приоретизирање на секојдневното справување со миграциите”, истакна амбасадорот Ајгнер.

Од страна на директорот на МАРРИ, Сашко Коцев, беше потенцирана потребата од регионална соработка во делот на управување со миграции.

„Ниту еден од Западен Балкан не може сам да одговори на миграциските предизвици, поради што регионалната соработка и соработката со меѓународните партнери се од суштинско значење за понатамошен развој. Време е регионот да направи решавачки исчекор во операционализацијата на обврските дадени од политичките лидери во регионот во делот на миграцијата. Под ова мислам на декларации преточени во конкретни дејствија. Со усвојување регионален пристап и консолидирање на индивидуалните напори, Западен Балкан ќе ги надмине недостатоците и ќе постигне резултати”, истакна директорот Коцев.

Од страна на началникот на Оддел во Генерален директорат за миграции и внатрешни работи на Европската Унија, Павел Бусиакиевич, беше истакнато дека соработката помеѓу ЕУ и Западен Балкан во делот на миграцијата е од големо значење, а Акцискиот План веќе дава резултати. Тој, како и претходните говорници, се согласи дека нема држава членка на ЕУ која може сама да се справи со предизвиците на миграцијата.

„Солидарноста и партнерството се нужни кога станува збор за миграцијата. Потребна е зајакната соработка во миграциските политики, конкретно во делот на азилот, криумчарење мигранти и граничното управување”, нагласи началникот Бусиакиевич.

Националниот грасрут организатор на најголемото ромско движење во Република Северна Македонија, Аваја, Селвије Мустафи, порача: „Ние сме потенцијалот кој треба да ја обликува иднината на нашата земја”.

Tags: Преспа Форум ДијалогСпасовски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ