• Latest

Спасовски: Со уредбите за поддршка на економијата државата спасува работни места

April 2, 2020

Електронскиот попис како поле на судир меѓу политичките партии и етничките заедници

June 30, 2025

Исчезнати лица за време на војната во БиХ: Судбината на околу 7.600 жртви сè уште е непозната

June 30, 2025

24 ЧАСА: Пуштена во употреба делницата Фариш-Дреново, дел од Коридор10д; Русија нема да претставува сериозен воен предизвик за НАТО, смета Орданоски; Иран има капацитет за производство на збогатен ураниум

June 30, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Непопуларноста на Елон Маск достигна рекордно ниво по „раскинувањето“ со Трамп

June 30, 2025
Фото: Скриншот од вифро на CNBC Television

Ворен Бафет донираше рекордни 6 милијарди долари акции од Беркшир на добротворни организации

June 30, 2025

Евробарометар: Над 81 отсто од Европејците поддржуваат постигнување климатска неутралност во ЕУ до 2050 година

June 30, 2025
Фото: Андриј Сибиха / Х

Сибиха до словачкиот колега Бланар: Русија ќе те удри и по другиот образ

June 30, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Обвинетите за Бањска го обезбедуваа Вучиќ за време на протестите; Косовското Специјално обвинителство поднесе обвинение за воени злосторства против двајца Срби; Прво рочиште во Специјалниот суд за случајот „Партизани“

June 30, 2025

„Безбедно во лето – вози одморен“, превентивна кампања на МВР и РСБСП

June 30, 2025
Сашо Орданоски
Фотографија: Роберт Атанасовски/ЦИВИЛ

Сашо Орданоски за ЦИВИЛ: И годинава не е на повидок завршување на војната во Украина, а Русија во наредната деценија нема да претставува сериозен воен предизвик за НАТО

June 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Спасовски: Со уредбите за поддршка на економијата државата спасува работни места

April 2, 2020 14:59
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со уредбите што завчера и денеска ги донесе Владата за директна помош и поддршка на економијата државата спасува работни места. Тоа се мерки што ги помагаат сите кои се погодени од кризата со коронавирусот, а за секоја категорија стопански субјекти и сите граѓани се креирани мерки според принципот на економска солидарност и баланс на потребите и можностите, порача денеска преимерот Оливер Спасовски.

Главната мерка од економскиот пакет, како што рече на денешната прес-конференција во Владата, е директната помош од 14.500 денари месечно за секој вработен за април и мај годинава од сите фирми погоедени од кризата. Алтернатива на мерката е покривање на 50 отсто од придонесите за своите вработени со која се очекува да бидат опфатени околу 20 проценти од осигурениците или околу 53.000 осигуреници за што се потребни 568,690,000 денари за субвенциирање на придонесите за април и мај. Може да се користи само една од двете мерки, а денеска, како што кажа, Владата донесе уредба за исплата до 14.500 денари за април и мај годинава и за физичките лицата кои вршат самостојна дејност (занаетчиита) кои се погодени од кризата со коронавирусот. Испалтата на занаетчиите ќе се врши преку трансакциска сметка на барателот на финасиска поддршка.

-Со овие мерки државата ги спасува работните места на граѓаните. Донесовме уредба со законска сила за финасиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот Ковид – 19 со што и практично стапуваат на сила сите одредби за сеопфатна директна финансиска поддршка на работодавачите со средства кои се наменети за зачувување на работните места и за помош на работниците, рече Спасовски.

Потенцира дека дури 87 отсто од компаниите се подобни да аплицираат за сите мерки со кои ќе бидат опфатени околу 250 илјади работни места и околу 35.000 компании.

-Уредбата го опфаќа секое претпријатие од приватниот сектор кое вработува работници врз основа на договор за вработување, секое правно лице и работодавачите кои преку приватни агенции ангажираат работници за извршување на работнтие задачи. Ќе се врши исплата на финансиски средства на сметка на работодавачот барател на финасиската поддршка за исплата на плати на работниците за април и мај во износ најмалку до 14.500 денари месечно по работник. Ако работникот бил ангажиран за полно работно време ќе му биде исплатен целиот износ, а доколку бил ангажиран со ксратено работно  време сразмерен износ, појасни Спасовски.

Работодавачот, како што кажа, ќе треба да поднесе барање за финансиска поддршка  за исплата на платите за работниците до УЈП која е задолжена веднаш да ги утврди формата и содржината на обрасците за барањето. Барањето ќе се поднесува преку системот е-даноци на УЈП до 5-ти во месецот за претходниот месец, а испалтата ќе се врши до 13-ти во месецот за претходниот месец. Комплетноста на барањето ќе ја утврдува УЈП во рок од три дена по приемот на барањето, а по обработкат ана апликацијата Управата ќе го информира работодвачаот  за вкупниот износ на финансиска поддршка што ќе биде исплатена за соодветниот месец и ќе ја извести Владата. Сите информации кои компании ќе имаат право на кирстење на мерката и кои не се опфатени со мерката ќе бидат наведени во уредбата што ќе биде објавена утре во Службен весник, како и на веб страницата на Владата.

-Работоддавачот кој користел финасиска поддршка има обврска да ги врати добиените средства во целост заедно со камата за јавни давачки доколку по извршена контрола од УЈП или Државниот инспоекторат з атруд се утврди дека работодавачот не ги исполнил условите за стекнување право на користење на мерката. Зсаклучно со септември 2020 година работодавачот кокј користел финасисика поддршка има обврска да го задржи истиот број ан вработени на неопределено, определено време и со пократко време од полното работно време што го имал за месецот за кој  побарала финансиска поддршка з аисплат ана платите намален за бројот  на вработени заради пензионирање или смрт, посочи Спасовски.

Работодавачите, потенцира, имаат обврска да ги вратат земените средства во Буџетот.

Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Д. Мишев

    Помина во Брисел извештајот на Вајц за Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    106 shares
    Share 42 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како Скопје Прајд стана квази левичарска, про-палестинска подружница

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ