Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска, ( 01.07) во Софија, Република Бугарија ќе оствари билатерална средба со неговиот бугарски колега, Бојко Рашков, информираат од МВР.
Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски и директорот на Бирото за јавна безбедност Саше Тасевски со придружна делегација ќе присуствуваат на билатерална средба во Министерството за внатрешни работи на Бугарија, со министерот за внатрешни работи Бојко Рашков, по што и двете официјални делегации ќе имаат можност да ги проследат заедничките вежбовни активности на специјалните единици од двете Министерства за внатрешни работи.












