• Latest

Спасовски: Зголемени капацитетите на МВР за поефикасна контрола на мало и лесно оружје преку проект на УНДП

June 23, 2022

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА КОНТРОЛА НА ОРУЖЈЕТО

Спасовски: Зголемени капацитетите на МВР за поефикасна контрола на мало и лесно оружје преку проект на УНДП

June 23, 2022 14:37
in ВЕСТИ, КОНТРОЛА НА ОРУЖЈЕТО
Share on FacebookShare on Twitter

Преку креирање нов Полициски информациски систем, надградба на Електронскиот регистар за оружје и специјализирани обуки на полициските службеници, во изминатите три години се зголемија капацитетите на Министерството за внатрешни работи за полесно следење на легалното и нелегално поседуваното оружје во државата. Овие активности се спроведоа како дел од проектот „Подобрување на националните пракси за контрола на мало и лесно оружје и градење на отпорни заедници“, кој го имплементира УНДП со финансиска поддршка на Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, информираат од МВР.

Надградбата на регистарот за оружје овозможува следење на оружјето од влегувањето во државата на граничните премини, па сè до крајниот купувач. Од друга страна, новиот Полициски информациски систем претставува модерна алатка за електронско евидентирање, следење и анализи на инцидентите поврзани со оружје.

„Конторолата врз оружјето е силен предуслов за градење безбедни заедници и очекувањата се дека двата системи ќе помогнат да се превенираат и значително да се намалат понудата, побарувачката и злоупотребата на огненото оружје. Како резултат на посветеното работење на тимовите на МВР и на УНДП, денеска можеме да зборуваме за два информациски системи кои се пуштени во продукција и етапно се спроведува процес на обука на работните места за полицискиот информациски систем и внесот на податоците во системот за регистрација на оружјето“, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Со цел поефикасно користење на новите дигитални алатки, во рамки на проектот беше надградена техничката опрема во МВР. При тоа се обезбедија 127 компјутери, 68 печатачи, 60 скенери и 25 специјални печатачи за дозволи за оружје. Дополнително, над 350 полициски службеници минаа низ процес на обуки за користење на двата система.

„Постоењето брзи и структурирани информации за оружјето е од клучно значење. Активностите во рамки на проектот ги подобрија капацитетите и ефикасноста за борба против криминалот што директно придонесува за зголемена безбедност на граѓаните. Во поширок контекст, особено сум горд што преку оваа регионална и национална иницијатива ќе придонесеме за унапредување на владеењето на правото, почитување на човековите права и зголемено учество на земјите во развој во системите на глобалното владеење. Токму овие принципи се во суштината на Целите за одржлив развој на Обединетите нации“, рече Армен Григорјан, Постојан претставник на УНДП.

Проектот за зајакнување на институционалните капацитети за борба против нелегалната трговија со оружје во исто време се спроведува во целиот регион како дел од Патоказот за контрола на мало и лесно оружје, чија основна цел е да се воспостави систем на контрола на малото и лесно оружје во земјите од Западен Балкан, согласно европските и меѓународните стандарди.

„Малото и лесно оружје претставува сериозна опасност за безбедноста во регионот. Северна Македонија соодветно и со голем успех е посветена на постојано подобрување на практиките поврзани со малото и лесно оружје. Германија во голема мера ги цени овие напори и останува посветена да придонесе во процесот“, изјави Ото Граф, Заменик Амабасадор на Сојузна Република Германија.

Резултатите од проектот беа нотирани и во Извештајот на Европската Унија за напредокот на земјата во 2021 година, каде е посочено дека софтверот за регистрација на оружје придонесува за полесна идентификација и следење на огненото оружје.

М.Д.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ