• Latest

Спонзорирана црна кампања од „анонимни“ профили на Фејсбук и Твитер

October 12, 2021
Фото: ВИ

ИПАРД под сомнеж за 130 милиони евра: СДСМ алармира за скандал, Владата возвраќа со демант

November 23, 2025

(ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025) Гласовите на омразата што ја понижија демократијата: Сексизам, етнички поделби и национализам

November 23, 2025
Снимка од украински војници како држат знаме во Сичњеве, Днипропетровската област, Украина. Снимки објавени на 7 октомври 2025 година. Фото: 141-ва механизирана бригада/Телеграм

Во Швајцарија почнуваат преговорите за американскиот мировен план за завршување на војната во Украина

November 23, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Почеток на крајот

November 23, 2025

Самоубиствена самоизолација

November 23, 2025
фото: Принтскрин Фејсбук ЦУК

ИЈЗ со итни препораки за поплавените подрачја: Да се користи флаширана или превриена вода

November 23, 2025

Турција ќе биде домаќин на Самитот за климата КОП31

November 23, 2025

Украина до ОН: Русија ќе запре само ако биде запрена – економски, политички и воено

November 22, 2025

Г20 повикува на праведен, сеопфатен и траен мир во Судан, ДР Конго, Украина и палестинските територии

November 22, 2025
Фото: wikimedia commons

Украина и САД почнуваат консултации во Швајцарија за завршување на руската војна против Украина

November 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Спонзорирана црна кампања од „анонимни“ профили на Фејсбук и Твитер

ЦИВИЛ ќе го презентира својот Извештај од долгорочниот изборен мониторинг, в петок, 15 октомври, со почеток во 12:30 часот. Презентацијата за јавноста и медиумите ќе се одржи во Бизнис центарот „Палома Бјанка“, во прес центарот на ЦИВИЛ, на 3. кат.

October 12, 2021 16:54
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Собири, митинзи, средби со граѓаните, засилени спонзорирани политички содржини на социјалните мрежи за претставување на кандидатите и презентации на програми и ветувања… Но, и црна кампања на Фејсбук и Твитер претежно од „анонимни“ профили.

Премиерот на државата и лидер на СДСМ, Зоран Заев истакнал дека Претседател на државата се избира на непосредни избори на кои гласаат граѓаните, и тоа не се договара партиски, бидејќи тоа е невозможно, окако вчера коалицискиот партнер ДУИ, Али Ахмети во кампањата за локални избори најавил дека следно што ќе го реализира е Албанец да биде претседател на државата.

МОНИТОРИНГ НА ЦИВИЛ

ЦИВИЛ ќе го презентира својот Извештај од долгорочниот изборен мониторинг, в петок, 15 октомври, со почеток во 12:30 часот. Презентацијата за јавноста и медиумите ќе се одржи во Бизнис центарот „Палома Бјанка“, во прес центарот на ЦИВИЛ, на 3. кат.

Во Извештајот на ЦИВИЛ се поместени извештаите од мониторингот во повеќе од десет категории кои се нотирани во изминатиот, предизборен, период.

ЦИВИЛ ќе ги изнесе и своите наоди, анализи и препораки во пресрет на првиот круг од локалните избори.

ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ

ДУИ

Кандидатот за градоначалник на општина Гостивар, Невзат Бејта во рамки на предизборната кампања најави дека по преземањето на локалната власт ќе се зафати со решавање на комуналните проблеми, за кои како што рече, неговиот против кандидат не ги решил изминативе четири години.

Тетовската градоначалничка и кандидатка за нов мандат, Теута Арифи, на прес-конференција ги истакна проектите кои планира да ги сработи во првите 100 дена доколку повторно ја добие довербата за водење на Општина Тетово.

СДСМ

Кандидатот за градоначалник на Центар од СДСМ и Коалицијата, Горан Герасимовски вети интензивирање на зелената агенда на Центар.

Кандидатот за градоначалник на Струмица од СДСМ, Костадин Костадинов, денеска на прес конференција истакна дека стои зад започнатиот процес за урбанизација на локацијата „Касарна“, каде продолжува развојот и изградбата, но пред сè со максимално почитување на еколошките стандарди и правилата за точен одржлив развој.

Кандидатот за градоначалник на општина Прилеп од СДСМ и Коалицијата, Горан Сугарески, најави „Проект 72“ – платформа за решавање на граѓанските проблеми за 72 часа..

ВМРО – ДПМНЕ

Македонија е држава во која што ИТ секторот и компаниите имаат голем потенцијал да обезбедат постојана работа и можности за кариера, но овој потенцијал не е доволно искористен, истакна Данела Арсовска, кандидат за градоначалник на град Скопје на денешната прес-конференција на која ја претстави програмата за економски развој на градот и зајакнување на постоечките капацитети.

Арсовска објасни дека една од мерките за економски развој на Скопје ќе биде иницирање на меѓународен проект Скопје „ИНОПАРК“.

АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

кандидат за градоначалник од коалицијата Алијанса за Албанците-Алтернатива, Беким Поцеста, од синоќешниот изборен митинг истакна дека ова не е Дебар каков што сите сакаме да биде.

„Дебар се соочува со важен предизвик, да се биде или не. Тој е без соодветна инфраструктура, младина без надеж, масовна миграција. Дебар ги има сите географски ресурси, геополитичка позиција и човечки потенцијали да се прероди и да се обнови на местото што го заслужува“, рече Поцеста.

Кандидатот за градоначалник на Гостивар од коалицијата Алијанса за Албанците – Алтернатива Арбен Таравари искажа оптимизам за изборните резултати и најавува победа. Тој денеска во рамки на предизборните активности оствари средби со граѓаните од повеќе населби за да ја презентира програмата и заедно со неговиот тим да подели печатени изданија.

ЦРНА КАМПАЊА

На ЈуТуб денеска се појави аудио снимка на која, наводно, се слуша како луѓе коишто се на советничката листа од иницијативата „За наше Куманово“ на Максим Димитриевски се обидуваат да купат гласови во Куманово. На снимката, наводно, се слуша Мирољуб Пауновиќ, кандидат за советник, како се договара со непознато лице да му обезбеди 50 до 100 гласа. Лицето му кажува дека треба да се плати по 500 денари од човек, плус нешто за него. Фронтлајн.мк го контактираше Димитриевски кој рече дека се работи за местенка и дека случајот е пријавен во МВР.

„Ова е наместена работа. Лицето се обиде да изнуди пари од кандидат, што беше потврдено и во самата снимка. Лицето е одбиено, бидејќи не се служиме со такви работи, тоа е купување на гласови, што е неприфатливо и законски и етички! За тоа дека го одбивме обидот за изнудување пари за поткуп, постојат писмени докази. Случајот е пријавен и во МВР. На потег се истражните органи, рече независниот кандидат за градоначалник на Куманово, во изјава за Фронтлајн.мк.

АНКЕТИТЕ – ПРОПАГАНДНО ОРУЖЈЕ

Вчера беше последен ден кога, според изборните правила, можеше да се објавуваат резултати од анкети и истражувања на јавното мислење. И оваа изборна година, се бележат голем број анкети меѓу кои има и такви со нејасен нарачател и уште помалку јасна методологија.

ЦИВИЛ одамна констатираше и во низа наврати ја алармира јавноста за тоа дека дел од анкетите кои се објавуваат во јавноста, во пресрет на изборните процеси, служат најмалку како информација за јавноста, а најмногу како уште едно оружје во арсеналите на пропагандата.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Почеток на крајот

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Полскиот амбасадор во Русија нападнат од „агресивна група“ демонстранти во Санкт Петербург

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Пробив на Балканот за Украина: Србија во НАТО & Косовскиот модел во Донбас

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево Сафари“

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ