поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
Условот на ДУИ за одржување на изборите е на нив да присуствуваат набљудувачи на ОСБЕ. Тоа значи дека постои можност во Македонија никогаш да не се одржат избори и тие да останат на власт. Паметен предлог, нема што.
На лидерските средби, каде што се одлучува за најважни прашања, учеството на Албанците е многу поголемо од пропорционална или соодветна застапеност, предвидена со Охридскиот Договор и пропишана со Уставот. Интересно е што досега сѐ уште никој не јавува кој е заслужен или виновен за ова.