• Latest

Според обвинителката Смаќоска, казните за Велјановски, Ристоски и Јанакиески се ниски

July 26, 2021
Фото: Економик Тајмс – Тајмс оф Индиа

Комитетот на Претставничкиот дом ја објави „роденденската книга“ на Епштајн со наводна белешка од Трамп

September 9, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Падна француската влада откако пратениците гласаат за разрешување на премиерот Бајру

September 8, 2025
Фото: АА/Фејсбук

(ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

September 8, 2025
Фото: Амбасада на САД/Фејсбук

Честитка од Амбасада на САД и државниот секретар Марко Рубио за Денот на независноста: Го цениме цврстото партнерство во унапредувањето на глобалната безбедност и стабилност

September 8, 2025
Буча. Фото: Твитер

Украина нападна воена единица во Русија обвинета за воени злосторства во предградијата на Кијив, Буча и Ирпин

September 8, 2025
Фото: Еврокомесарката Марта Кос / Х

Еврокомесарката Марта Кос со честитка за Денот на независноста: Цврсто го поддржувам вашиот пат кон ЕУ

September 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на профилот на Антонио Кошта/Х

Антонио Кошта со честитка за Денот на независноста: ЕУ останува посветена на македонскиот европски пат

September 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Најмалку 5 лица убиени во терористички напад врз автобуска станица во Ерусалим

September 8, 2025
Први коментари од Трамп откако неговиот мегазакон беше усвоен. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп тврди дека е подготвен за „втора фаза“ од санкциите против Русија, ќе разговара со Путин „многу наскоро“

September 8, 2025

Уште 7 дена за пријавување на повикот на ЦИВИЛ за краткорочни или долгорочни изборни набљудувачи, крајниот рок е 15 септември

September 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Според обвинителката Смаќоска, казните за Велјановски, Ристоски и Јанакиески се ниски

July 26, 2021 14:38
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Изречените казни за обвинетите во случајот „Организатори на 27 април” според обвинителката Гордана Смаќоска, се многу ниски. Во изјава за медиуми таа посочи дека е изненадена од ниските казни бидејќи во претходната пресуда за самите извршители на насилствата во Собранието беа изречени многу високи казни.

– Мислам дека пресудата е таква каква што е. Судијата ќе образложи зошто ја донел и зошто олеснителните околности преовладувале во овој конкретен случај кај едно вакво тешко кривично дело, а не отежителните кои и самите имавте можност да ги чуете колку судот ги нагласува. Со самото нагласување на сите тие отежителни околности за судот по мое мислење не смееше судот да си дозволи да има пониска казна од 10 години, барем по мое јавнообвинителско видување на самиот настан, бидејќи доколку не постоеја овие обвинети како организатори немаше да се случи и самиот настан, изјави јавната обвинителка Смаќоска.

Кривичното дело „тероризам” според Кривичниот законик се казнува со минимална казна од 10 години затвор.

– Жалба секако ќе има на ваквата пресуда бидејќи казните се многу ниски. Земете ги во предвид, само една мала компарација ќе направам, Катица Јанева е казнета за полесно кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ каде што максималната казна е 10 година а доби седум години, па сега јавноста нека направи споредба со висината на казната, а кога ќе ја добиеме писмената пресуда секако ќе вложиме жалба за сите обвинети, рече Смаќоска.

Обвинителката Смаќоска воедно говореше и за амнестијата дадена за настаните во Собранието.

– Таа беше дадена општо без конкретно дело, без конкретни обвинети и без кривични дела и правна квалификација. Таква амнестија никогаш не е дадена за никого во текот на целото правосудство по осамостојувањето на државата, бидејќи ние ги презедовме сите тие закони од бивша Југославија. Никогаш не е дадена општа амнестија како што е во овој случај. По мое мислење таа е незаконита, не произведува правни дејствија и сето тоа. Зошто судијата ја спомна амнестијата ќе се обратите до него да ви објасни и во која насока амнестијата влијаела за ваква ниска казна, рече Смаќоска.

Адвокатот на дел од обвинетите во случајот „Организатори на 27 април“, Еленко Миланов, по објавување на пресудата изјави дека останува нејасно за што е донесена оваа пресуда, дали е оваа пресуда за она што се случи на 27 април или за протестите на „Заедничка Македонија“.

– Во образложението не слушнав ниту еден момент, ниту еден факт којшто зборува за дејствија на било кој од моите тројца штитеници за датумот 27 април. И на крајот оваа пресуда уште еднаш покажува дека имаме дежурни сведоци, имаме дежурни лица коишто даваат искази и се главни за сите предмети. Тоа е Александар Василевски Нинџа на кого уште еднаш му се поклонува верба и покрај сите факти коишто ги изнесе одбраната и го оспори и девалвира тој исказ до крајни граници, рече Миланов.

Обвинетите во овој случај беа прогласени за виновни и осудени на вкупно дваесет и пет годин затвор. Најголема казна доби поранешниот претседател на Собранието, обвинетиот Трајко Велјановски, 6 години и 6 месеци затвор, обвинетите Спиро Ристоски и Миле Јанакиевси по 6 години и 3 месеци затвор, и екс директоро на УБК, Владимир Атанасов доби 6 години затвор.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: АА/Фејсбук

    (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Јаневска контра Мицкоски: Учебници има, па нема, ама ќе има…

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Зависна независност

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Војводи“ нападнале средношколци во Тетово, двајца уапсени, полицијата трага по уште други напаѓачи

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Европратениците пристигнаа во Србија и брзо ја напуштија земјата: „Вучиќ не навредуваше и ни се закануваше“

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ