• Latest
Фотографија: Кирил Михаилов

Според Заев, парламентарното мнозинство може само да се зголемува, а не да се намалува

June 2, 2021

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Според Заев, парламентарното мнозинство може само да се зголемува, а не да се намалува

June 2, 2021 16:07
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фотографија: Кирил Михаилов

Фотографија: Кирил Михаилов

Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев смета дека парламентарното мнозинство може само да расне, а никако да се намалува и, како што рече, во тоа е уверен пред се поради добрите политики кои ги спроведува власта во сите сфери. Тој вели дека нема потреба да се оди на предвремени парламентарни избори и оти власта треба да истера еден цел мандат, да покаже што умее и граѓаните да го почуствуваат бенефитот.

Заев најави дека за претстојните локални избори СДСМ ќе коалициира со партнерите со кои и сега е заедно, но, како што рече, дополнително ќе се одлучува дали тоа ќе биде за првиот или вториот круг од изборите.

„Одговорно тврдам дека парламентарното мнозинство може да расте, а не да паѓа. Ќе се обидам на наједноставен начин тоа да го објаснам, а е врзано со политиките кои ги води власта предводена од СДСМ и опозицијата од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е основата дали ќе има миграција на пратеници од лево кон десно или од десно кон лево. Нека ценат сите стручни експерти дали има реална основа да ја зголемиме бројка на поддршка на пратеници на сето ова што го зборуваме за проекти, европска интеграција, за подобрување на државата“, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање по увидот во изградбата на детска градинка во општина Аеродром.

Добрите политики, нагласи тој, се отсликуваат и во држење и на стабилното мултиетничко општество, јасните економски перспективи, економски мерки кои повлекуваат зголемување на просечната и минималната плата, како и подобар стандард на граѓаните воопшто.

„Тоа се политики на оваа Влада. Сето друго е ризикот кој треба да го прифатиме. Мојот прв опонент Христијан Мицкоски „С“ од Северна не употребува, може да замислите што ќе биде во државата. И, зошто да одиме на парламентарни избори? Зарем не е потребно да дадеме еден мандат од четири години конечно и власта да покаже што може и економските бенефити да ги почуствуваат граѓаните“, истакна премиерот.

Сите овие политики кои ги спроведуваме години наназад, рече Заев, без разлика дали се работи за Договорот со Бугарија, Законот за употреба на јазиците, Договорот со Грција, членството во НАТО… тоа се е заради поголем економски стандард и поквалитетен живот на граѓаните.

Тој не исклучува можност за коалицирање на СДСМ на локалните избори, но не прецизираше дали тоа би се случило во првиот или вториот круг.

„Локалните избори се поразлични од парламентарните и претседателските избори, но ние имавме коалиции и на овие избори зошто, па не би имале и на локалните. За претседателските избори во 2019 направивме најголема коалиција. Тоа го направивме и на парламентарните избори. Верувам дека можеме, бидејќи во единството е силата. Ќе правиме коалиции, прашањето е дали ќе бидат и колку во обем уште во првиот круг и колку во вториот круг“, нагласи Заев.

Локалните избори, посочи тој, се избори на личности на кои партиите имаат влијание, но, не толку силно.

„На локалните избори самата личност за советник и градоначалник е важна и од нив ќе зависи дали ќе има коалиција или не. Ако ги прифатат нашите максимално добро избрани кандидати ќе не поддржат уште во прв круг или обратно ние нивните кандидати“, нагласи Заев.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ