Украинската безбедносна служба ( СБУ) уапси две лица кои наводно работеле за руските разузнавачки служби кои планирале да го убијат министерот за одбрана на Украина и шефот на нејзината воена разузнавачка агенција, пренесува Гардијан.
Безбедносната служба на Украина (СБУ) го спречи наводниот заговор на руската воена разузнавачка агенција ГРУ за употреба на диверзантска група за извршување на три убиства, вклучително и на истакнат украински активист, се вели во соопштението на агенцијата во понеделникот. Тврдењата досега не можеа да бидат независно потврдени од Ројтерс.
Истовремено, изостана вообичаената итна реакција на изјавата на Украина од Москва или руските државни медиуми.
На осомничените, едниот жител на источниот регион Луганск, кој е дпод власт на сепаратистите поддржани од Русија, а другиот жител на главниот град на Украина, Киев, им ветиле 150.000 долари од руските ракувачи за убиство на секоја нивна цел. соопшти СБУ.
Мажот од областа Луганск влегол во Украина од Белорусија и бил приведен во градот Ковел во северозападна Украина заедно со жителот на Киев, се вели во соопштението.
Русија ја нападна Украина на 24 февруари и безбедноста на највисоките функционери е исклучително строга. Владиниот округ во Киев е опколен со контролни пунктови управувани од вооружени луѓе. Вреќи со песок се натрупани во прозорците и влезовите на владините згради.
СБУ беше во центарот на вниманието во последниве недели, откако претседателот Володимир Зеленски го смени својот шеф и државниот јавен обвинител минатиот месец, наведувајќи десетици случаи на соработка со Русија од страна на официјални лица во нивните агенции.
Подготви: Д.Мишев