• Latest

Спречување на дискриминацијата при вработување

August 24, 2017
Паметен град на иднината: Вештачката интелигенција во служба на граѓан(к)ите и урбаниот развој. (Илустрација: ChatGPT / OpenAI, за CIVIL MEDIA TECH & AI FORUM)

Градови што размислуваат: Како вештачката интелигенција може да ни донесе почист воздух, помалку метеж и подобар живот

October 23, 2026

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки

October 23, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична предизборна атмосфера

October 23, 2026

Топ 10 најмоќни економии во светот во 2026 година (ИНФОГРАФИК)

October 23, 2026

Руските напади сè повеќе се прелеваат надвор од Украина: Молдавија како нов фронт на хибриден притисок

October 23, 2026
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Спречување на дискриминацијата при вработување

August 24, 2017 14:34
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во организација на „Женска алијанса“ утре (25 август) во хотелот „Порта“ во Скопје, со почеток во 10 часот, ќе се одржи националната тркалезна маса на тема „Невладините организации и нивната улога во промоција на еднакви можности и спречување на дискриминација при вработување“

На настанот што се реализира во рамките на проектот „Безбедни и еднакви: Управување со недискриминација и диверзитет при вработувањето“, поддржан од Европската унија, говорници ќе бидат Самка Ибраимоски, министер без ресор, задолжен за имплементацијата на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија, Лилјана Поповска, пратеничка од ДОМ, Ивана Туфегџиќ, независна пратеничка, Светлана Цветковска од Секторот за еднакви можности при Министерството за труд и социјална политика, Љубица Дековска, самостоен стручен соработник за економски прашања во Сојузот на синдикатите на Македонија, Анета Петровска Русомароски, член на Управниот одбор и на Економско-социјалниот совет на Организацијата на работодавачи на Македонија и раководителка на Одделот за човечки ресурси и организација во ЕВН Македонија, Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Александра Цветановска, проектна менаџерка на Проектот на УСАИД за заштита на човековите права што го имплементира Македонско здружение на млади правници и Савка Тодоровска, претседателка на Националниот совет за родова рамноправност (НСРР – СОЖМ).

Целта на тркалезната маса е да ги собере релевантните организации и актери, како и сите заинтересирани чинители во областа на борбата против дискриминацијата, како би го разгледале прашањето на еднакви можности и проблемот со дискриминација на ранливите групи при вработување, би размениле знаења и искуства и би осмислиле идни иницијативи.

На настанотсе очекува да се дискутира на темите: Како можат НВО да придонесат во промоција на
различностите и сузбивањето на предрасудите во општеството? На кој начин НВО можат најефикасно да
изведуваат активности за подигнување на свеста и за јавно повикување на актерите во доменот на вработување активно да преземат чекори против дискриминацијата? Се препознава ли улогата на НВО како сојузници на синдикатите и работодавачите во активното залагање за усвојување на политики на рамноправност и забрана на дискриминацијата во вработувањето? Можат ли НВО да влијаат врз механизмите за заштита од дискриминација на полето на вработување, односно на воведување на
политики на еднаков третман во организациската практика на работодавачите и синдикатите?

Tags: еднакви можностиЕУЖенска алијансанационална тркалезна масаспречување на дискриминација при вработување
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ