Categories

ГРАЃАНСКИ ОБЈЕКТИВ Специјалци симнаа бездомник од автобус!

Додека автобусот стоеше на автобуската станица на ЈСП во Скопје, и пред да тргне, околу 20:30 минути, возачот се качи на вториот кат и му напомена на еден граѓанин дека е на крајната станица и дека треба да се симне. Граѓанинот одби да се симне и продолжи да спие на столчето.

„По шоферот се качи друго лице, кое се обиде да го симне од автобусот, меѓутоа имаше реакција од патниците дека никому не му пречи и да го остават на мира“, ни пишува граѓанскиот новинар, кој сака да остане анонимен.

Но, кога автобусот стаса на крстосницата кај „Мавровка“, се качија неколку полицајци и специјалци за да го легитимираат лицето, и откако се уверија дека не е криминалец, решија само да го симнат од автобусот и да го пуштат да си оди. Дома?

Додека се одвиваше целиот процес, надвор се собраа десетици граѓани и гледаа што се случува, бидејќи атмосферата наликуваше како да има сериозни инциденти и тепачки, а не дека се интервенира за да се симне од автобусот еден безопасен бездомник кој нашол топло место за да се згрее и одмори, пишува граѓанскиот новинар.

Д. М.

Print Friendly, PDF & Email