• Latest

Средба Ковачевски – Гутереш: Соработката со ОН продолжува, стратешките развојни цели се приоритет

September 23, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Средба Ковачевски – Гутереш: Соработката со ОН продолжува, стратешките развојни цели се приоритет

September 23, 2022 09:25
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter
Владина делегација предводена од премиерот Ковачевски на маргините на 77-то Генерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк оствари средба со Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, информираат од Владата.

На средбата премиерот Ковачевски изрази благодарност за ангажманот на ОН во Република Северна Македонија и нагласи дека соработката ќе продолжи со зголемен интензитет, особено во имплементирањето на новите стратешки цели за одржлив развој за периодот 2021-2025 година.
Премиерот истакна дека ангажманот на ОН во Република Северна Македонија е мошне важен за јакнење на капацитетите на земјата во клучните сектори и за унапредување на реформите. Тој изрази надеж дека соработката со ОН ќе продолжи и во иднина со цел обезбедување поддршка за нашите развојни цели во контекст на нашите евроинтеграциски аспирации.
„Реформите во областите на доброто владеење, борбата со корупцијата, реформите во судскиот систем, како и јакнењето на социјалната кохезија, ќе бидат приоритетите на земјата. Крајната цел на Владата е да воведе значајни промени во животот на нејзините граѓани, да ја подобри легислативата, да ги зајакне капацитетите и ефикасноста на институциите“, истакна Премиерот.
На средбата беше потврдена нашата силна заложба за јакнење  на улогата на ОН во справувањето со глобалните предизвици како руската агресија врз Украина, климатските промени и недостатокот на храна. Владата на Северна Македонија, како што беше посочено е целосно посветена на имплементација на Агендата 2030, којашто се однесува на целите за одржлив развој на ОН и нејзина интеграција во националните стратешки документи и планови.
На средбата со Генералниот секретар Гутереш, премиерот Ковачевски изрази интерес и за зголемено учество на нашата земја во мировните операции на Обединетите Нации. Република Северна Македонија, истакна Ковачевски е активен партнер на меѓународните антитерористички коалиции и ќе продолжи да придонесува кон меѓународните заложби за борба против тероризмот.
Дополнителен доказ за нашиот ангажман во правец на зацврстување на мирот и стабилноста е и нашето претстојно претседателство со ОБСЕ наредната година, за кое интензивно се подготвуваме во време на голема нестабилност предизвикана од руската воена агресија врз Украина. Ковачевски во оваа прилика истакна дека како претседавач на ОБСЕ ќе ги искористиме сите ресурси и механизми на оваа организација, со цел да се намалат тензиите и да се воспостават канали на комуникација и критички дијaлог.
На средбата беше разговарано и за Преспанскиот договор како пример кој имаше исклучително позитивно влијание врз билатералниот и регионалниот развој на Република Северна Македонија и Грција, и чија имплементација и пошироко беше оценета како историски чин.Ковачевски изрази големо задоволство и од неодамнешното отпочнување на скрининг процесот во рамки на пристапните преговори кон ЕУ, потврдувајќи ја нашата силна посветеност на реформските процеси  на патот кон европското семејство.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ