Поранешниот претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателот на Чешката Република, Петр Павел.
На средбата, како што соопшти Кабинетот на поранешен претседател Пендаровски, се разговарало за европските перспективи на Западниот Балкан, како и за геополитичката ситуација во Европа како резултат на руската инвазија во Украина.