• Latest

Средба на претседателот Пендаровски со волонтерите на Црвениот Крст: Вие сте олицетворение на солидарноста во своето најдобро издание

April 10, 2020
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Средба на претседателот Пендаровски со волонтерите на Црвениот Крст: Вие сте олицетворение на солидарноста во своето најдобро издание

April 10, 2020 14:52
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска во просториите на Црвениот Крст се сретна и поразговара со неколкумина волонтери.

Истакнувајќи ја важноста и придонесот на илјадниците волонтери на Црвениот Крст, на средбата, претседателот Пендаровски им честиташе за нивниот ангажман, мотивираност и пожртвуваност во овие тешки времиња за нашата земја. Тој посочи дека особено е важна нивната волја и желба доброволно да даваат услуги и да им помагаат на ранливите граѓани, без притоа да имаат каква било материјална или финансиска добивка.

Пријатно изненадување е, како што рече претседателот Пендаровски, дека илјадници главно млади луѓе им помагаат на сите на коишто им е потребна каква било помош.

„Драго ми е што немате никакви предрасуди и што покажувате дека солидарноста не е изгубена. Вие ја враќате вербата во тоа дека не е се изгубено, дека човештината постои. Воодушевен сум од тоа што го правите. Можам само да ве замолам да издржите, бидејќи оваа ситуација најверојатно ќе продолжи и во следниот период. Знам дека не е едноставно. Сакам да Ви се заблагодарам, како човек, не како претседател. Ова е солидарност во своето најдобро издание. Само продолжете така“, истакна претседателот Пендаровски во разговор со волонтерите на Црвениот Крст.

Истовремено, претседателот Пендаровски денеска преку видео врска поразговара и со претставници од оперативниот центар, со тимовите на општинските организации на Црвениот Крст на Карпош и на Битола. Претседателот Пендаровски го слушна и досегашното искуство во справување со пандемијата на вирусот КОВИД-19 на тимот на Црвениот Крст кој им даваа помош и поддршка на мигрантите и бегалците сместени во транзитниот центар во Табановце.

„Огромна благодарност за сите напори коишто досега ги имате вложено во оваа криза. Јас би ве замолил, бидејќи Вас ви е потешко од сите други граѓани да продолжите со својот ангажман бидејќи давате извонреден пример за сите нас, како треба да се поставиме кога на сите ни е тешко. Вие сте светол пример“, им порача Пендаровски на тимовите на Црвениот Крст.

При посетата на Црвениот Крст претседателот Пендаровски беше запознаен и со низата активности коишто ги реализира оваа организација за време на справување со епидемијата на вирусот КОВИД-19, а со кои организацијата придонесува во заедницата и промовира граѓанска и општествена одговорност. Активностите, како што рекоа претставниците на Црвениот Крст, се реализираат исклучиво со помош и поддршка на околу 7500 волонтери, а подразбираат купување и достава на намирници за храна и лекови, плаќање сметки, помош и поддршка на мигрантите и на бегалците, потоа на бездомниците, како и секаков вид на помош на повозрасните граѓани.

При денешната посета на Црвениот Крст, и претседателот Пендаровски доби волонтерска книшка и стана дел од тимот на волонтери на оваа организација. Исто така, претседателот Пендаровски денеска даруваше и крв при што истакна дека крводарителството е највисок степен на солидарност.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ