Средба на советници и медиуми во рамките на проектот „Јакнење на малцинствата и специфичните групи за промовирање на партиципативната демократија на ниво на заедницата“, кој го реализира Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп (ЦГИ), поддржан од ifa/Zivik Федерална канцеларија на Сојузна Република Германија, се одржа во просториите на Општина Велес. Всушност, ова беше една од десетте вакви средби низ државата. На овие средби се работи на промовирање на партиципативната демократија на ниво на заедницата.
На средбата во Велес присуствуваа претставници на Советот на Општина Велес, вклучувајќи го и претседателот на Советот д-р Ненад Коциќ, медиуми, претставници на администрацијата и претставници на граѓански организации.
На средбата се разговараше за улогата на советниците во пренесувањето информации до граѓаните, но и за улогата на медиумите во пренесеувањето информации. Се дискутираше за предизвици со кои се среќаваат советниците во соработката со медиумите и информирање на јавноста.
Треба да се потенцира интересот и на советниците и на медиумите за соработка. Беше пофалена транспарентноста на Советот на Општина Велес во работата и поставените информации на веб страната на општината. А на оваа средба присуствуваше и г-ѓа Катрин Фрухенсфелд – Прв Секретар на Германската Амбасада во Скопје.