Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз, на која се разговараше за последните акции на МВР и тековната техничка помош на САД за поддршка на Министерството.
Како што соопшти МВР, Спасовски се заблагодари за техничката поддршка што МВР ја добива од Амбасадата на САД, што многу придонесува за успешни резултати во работата на полицијата. Амбасадорката Брнз, пак, го истакна значењето на неодамнешните акции во борбата со криминалот.


Во соопштението е наведено дека министерот Спасовски и амбасадорката Брнз ја потенцираа одличната соработка, која и во иднина ќе продолжи со засилен интензитет, во интерес на граѓаните на Република Северна Македонија.












